Врбјани
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Врбјани е село во Општина Дебарца.
| Врбјани | |
| Координати41°25′3″N 20°47′39″E / 41.4175°N 20.79417°EКоординати: 41°25′3″N 20°47′39″E / 41.4175°N 20.79417°E | |
| Општина | Општина Дебарца |
| Географски регион | |
| Население | |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | |
| Селска слава | |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото Врбјани се наоѓа на 920м надморска висина, на источната страна на планината Стогово. Тоа е прво село во Горна Дебрца после највисоката точка на патот Кичево - Охрид наречено Пресека. Се наоѓа на 3км одалеченост од регионалниот пат. Низ селото течат две реки, Голема река и Бигришка река, како извори на реката Сатеска. Изобилува со вода и извори на вода. Последната куќа од селото во горно маало, се наоѓа на 970м надморска висина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од горно и долно маало. Маалата се разликуваат и по родови, како на пример, Ќемалоски, Ангелески, Патникоски, Радески и други. Во селото има околу 100 домаќинства. Селото е на место каде од секогаш можело да има населба. Има многу поволни природни и економски услови. Од западната страна се издига пространа планинска падина, израсната со дабова и букова шума. Изнад нејзината горна граница се простира голина т.е. планинска испаша. Од источна страна се простира ниско земјиште погодно за обработка. На планинскиот дел од атарот се наоѓа Црвено млаче (главна испаша), Годијов дол, Манастирец, Јагњештица, Локви, Секулица, Папрадница, Мирослајца, Јасика, Смрдешница, Божинарамен итн. Источно се наоѓа плодно обработлива земја Предалиште, Галвје, Св.Петар, Жежница, Луда вода, Дупчиња, Петрчане, Крст, Цер, Патница, Царев кладенец и др. На планинската падина се наоѓа Стојански извор, Жежов извор и Манастирец, а во подножјето на планината извира Петрчански извор и Царев кладенец. Многу е значаен Петрчански извор од кој извира јака вода како река на која некогаш имало воденица, а денес дел од таа вода се каптира и се упортебува за селскиот водовод.
[уреди] Историja
Селото Врбјани постоело пред доаѓањето на турците во 1371 година. Името Врбјани го добило по многуте врби кои ги имало меѓу двете реки, Голема река и Бигришка река, како извори на реката Сатеска. Покрај с. Врбјани постоело село Нивишта со црквата Свети Петар и Свети Павле. Црквата Свети Ѓорѓија во село Врбјани, според преданијата на старите жители Ристо Сиљанов, Спиро Ставрев, Крсте Ќемалоски, Стојан Донески и други, била градена од 1322 до 1340 година. Црквата Свети Ѓорѓија требала да биде осветена во 1345 година од Охридскиот Архиепископ Николај, кој бил поканет да ја освети црквата. Во меѓувреме Охридскиот Архиепископ Николај добил покана да оди во Скопје и да го круниса српскиот цар Душан Силни и Архиепископот Николај да му ја стави круната на глава на царот Душан Силни, како најстара Архиепископија, иако постоела и Пеќката Архиепископија.
Поради овие збиднувања Архиепископот недошол на осветувањето на црквата Свети Ѓорѓија и црквата останала неосветена се до 1605 година според летописот кој е над влезната врата запишан на западната страна. Со доаѓањето на турците народот од село Нивишта и село Врбјани, бегајќи од турците, побегнале во планина во месноста Манастирец каде што формирале село со црква во која имало крст со златен синџир, а ископини постојат и денес. Дел избегале и во Прилепскиот крај каде што формирале село Врбјани и Годивје кои и денес постојат.
Црквата Свети Ѓорѓија е осветена во 1605 година (и тоа несигурно бидејќи дел од летописот со годината е одлепен со малтерот а асоцира на 1606 година). Според кажувањата на старите селани дека црквата била изградена а неосветена 300 години (се совпаѓа 1340 до 1605 година), како доказ се фреските на јужната страна на олтарот Свети Сава и Свети Симеон - столбник српски. Заклучок е дека црквата Свети Ѓорѓија е градена од 1322 до 1340 година зашто не е можно фреската на Свети Сава да биде донесена подоцна во 16 век, кога турското владеење било големо и турците биле семоќни господари. Црквата Свети Ѓорѓија била изгорена а иконите издупени со шајки по очите на светците од турски војници. Селанецот Доне Донески бил скриен во една капина до црквата и гледал што прават турските војници, отишол кај Јумбашијата (турски командант) и го известил што направиле неговите војници во црквата и војниците биле повикани и камшикувани. Во 1903 година после илинденското востание целото село е запалено и тогаш е изгорена и црквата со иконостасот. Иконостасот во црквата Свети Ѓорѓија е обновен во 1916 година, и него го имаат работено браќата Ѓоре и Доне од мијачкото село Гари.
Селанецот Никодин (Канџо) од село Врбјани, протеран од српските власти, побегнал и живеел во Украина во Киев. Како желба на Никодин да се споменува неговото име, нарачал два црковни барјака.На едниот е Мајка Марија а на другиот е Свети Никон - Чудотворец. Црковните барјаци се донесени од Никодин во 1917 година и оставени во црквата Свети Ѓорѓија за црковни обреди. Овие записи се искажани од Ѓорѓе Костадиноски од село Врбјани.
Врбјани има најголем атар во Горна Дебрца. На тој атар постоеле и други помали населби како Манастирец, Жежница и Петрчани. Првото село лежело во долината на Голема река во планинскиот дел од атарот. Жежница била на североисточната страна веднаш над ридот Предалишта. Петрчани било 3 км североисточно од денешното место на Врбјани. Петрчани прво било христијанско славјанско село кое во 1863 година е населено од турците со Черкези. Како што е познато кога Русите го освоиле Кавказ, еден дел Черкези од таму се преселени во Турција и турската власт ги населила на балканското полуострово. Петрчани имало 40 домаќинства меѓутоа Черкезите биле многу лоши соседи и не дозволувале движење на христијани во близина на своето село, а со стоката нанесувале штета на соседните села. Имале и опасни кучиња кои ги напаѓале минувачите. Во 1890 година убиле еден маж од село Годивје а потоа и една жена бегалка која одела по патот Охрид - Кичево. Поради тоа против нив се здружиле Македонците од околните села Врбјани, Сливово и Годивје и ги нападнале и ги потепале, а селото го запалиле. Некои кои успеале да се спасат пребегале преку планината Стогово во Дебар. Земјата ја поделиле меѓусебно. Тоа се случило околу 1890 година. Врбјани постепено растело до 1948 година кога имало околу 150 домаќинства и околу 1000 жители и тоа било максимумот на жители кои можеле да се преранат на тој простор, а еден селанец во тоа време кажал “На планина не остана не изорано ни едно падинче“. Поради тоа после војната е основано училиште до осмолетка со дом интернат за децата од другите села. Меѓутоа после затварањето на стоговските рудници за железо и укинувањето на возот Скопје - Охрид кој поминувал близу селото, народот нагло се растурил и се одселил. Иселениците живеат во Охрид (околу 40 куќи), Скопје (околу 40 куќи) каде што се вработија во главно во железници и железарница. Во Струга се отселиле 10 домаќинства, Кичево 10 домаќинства, Битола 10 домаќинства и Австралија 14 домаќинства. Од 1974 година во ова село не постои ниту еден ученик и во куќите во главно живеат постари луѓе. Во 2008 година има околу 25 постојани жители кои целата година живеат таму, а од мај до октомври во селото живеат над 100 жители.
Според статистиката бројот на жители се менувал:
1921 година 117 домаќинства 712 жители 1948 година 150 домаќинства 803 жители 1961 година 159 домаќинства 649 жители 1971 година 131 домаќинства 369 жители
[уреди] Економија
Жителите во главно се занимаваат со земјоделие и сточарство. До шеесетите години од дваесетиот век работеле и Стоговските рудници за железна руда и во тоа време било развиено и рударството. Денес рудниците се затворени како државни резерви. Егзистенција некои жители гледаат во пчеларството, а во погодни климатски услови жителите собираат печурки кои ги има во изобилие, особено печурката Вргањ која е доста ценета. Бидејќи има многу малку стока во денешно време а многу пасишта, селани од струшките села Албанци доваѓаат да ја косат тревата и за мали пари ја носат за храна на својата стока во своите села.
[уреди] Демографија
Во селото Врбјани живеат Македонци припадници на племето Брсјаци (Берзити). По кажувањето на најстариот жител на селото, баба Илинка (1880-1989) која живееше 109 години, во селото има 13 македонски родови од кои 11 се староседелци а останатите се доселеници. Староседелци се Патникоски (20 куќи), Ангелески (10 куќи, родослов Кирил-Златко-Кире-Петре-Лазар-Трајче-Ангеле), Ќемалоски (10 куќи), Радески (8 куќи), Попоски (8 куќи), Вретоски (7 куќи), Савески (7 куќи), Муратоски (5 куќи), Мушески (4 куќи), Шамалоски (4 куќи) и Пејоски (3 куќи). Доселеници се Локовци (7 куќи) кои се имаат доселено во 1820 година од селото Локов во Струшка Малесија (родослов Стојан-Данил-Јовче-Ристо-Ѓоре кој е основачот), и Дошлаковци (7 куќи) доселени од соседното село Сливово во 1850 година (родослов Горјан-Ристе-Варсе-Петре-Смиле основач на родот кој се доселил). Сите селски родови имаат иста крсна слава и тоа Свети Ѓорѓија на есен. Постојат и две селски слави Ѓурѓовден и Петровден кога се одржува голем собир со панаѓур. Тогаш се собираат и сите иселеници кои живеат во Охрид, Кичево и Скопје.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
Еден од значајните борци на Македонскиот народ кој потекнува од Село Врбјани е војводата Кузман Капидан кој го бранел локалното население со својата дружина од албанските качаци (Геги) кои го тероризирале локалното македонско население. За него е испеана народната песна
Песна за Кузман Капидан
Засакал Осман посакал Врбјанско моме убаво Врбјанци лоши каури момето не го даваат.
Пособрал Осман насобрал силна му војска османска сардисал село Врбјани излегол Кузман Капидан со неговото друштво
Извикал Осман повикал еј гиди Кузман Капидан еј гиди ѓаур немиен еј гиди газу немиен
Започна борба нерамна под тоа село Врбјани извикал Кузман Капидан удрете браќа врбјанци Османа да убиеме.
Згрмеја пушки јуначки Османа ми го убија момето не го дадоја бегојте ги истераја.
Во 1860 година Григор Прличев ја има напишано песната Сердарот која му е посветена нему и за која има добиено награда за најдобра поема, на 25 март 1860 година во Атина, која подоцна му е одземена бидејќи одбил да се пише дека е грк.