Општина Градско
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Општина Градско е општина во Централна Македонија. Центар на општината е селото Градско.
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Село Градско | |||||||||
| Површина | 236,19 km² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 3760 жители жители | |||||||||
| Густина на население | 15,92 жители/km² | |||||||||
| Населени места | ||||||||||
| Локална власт | ||||||||||
| Градоначалник | Глигур Коцев | |||||||||
| Претседавач | Драги Тричковски | |||||||||
| Совет | 9 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Маршал Тито 70-А 1420 Градско | |||||||||
| Телефон | 043 / 251-522 | |||||||||
| Мрежно место | Официјално мрежно место | |||||||||
| Е-пошта | е-пошта | |||||||||
Содржина |
[уреди] Географиja
Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион. Тоа произлегува од неговата географска поставеност, која главно е рамничарскиот дел на средиштето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот.
Нејзината територија зафаќа површина 290 km², на која егзистираат повеќе населени места. Населението на оваа Општина, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат Македонци, Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство.
Според новата поделеност на Републиката и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и егзистенција.
[уреди] Историja
Името на населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 km источно од новата населба, лоцирана на самата железничка пруга Солун – Градско. А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна 3 km источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа околното населние го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејки со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско.
Железничката пруга Солун – Скопје е изградена во периодот 1871 – 1873 година, време на владеењето на Турската империја со Македонија. Железничката пруга Солун - Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на жележничката пруга и жележничката станица градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата жележничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо.
[уреди] Економија
Основата на економската активност во Општина Градско е земјоделството. На површина од околу 7.000 Хектари обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи и житни култури, а постојат и добри услови за развој на полјоделство и лозарство. Мал дел од населението се занимава со сточарство, со оглед на фактот што пасиштата во овој регион се најсушни во однос на другите во Повардарието и воопшто во Република Македонија. Во 1947 год. Населбата Градско, и во дел од околните села Уланци, Росоман и Градско е воведена електрична струја. Во населбата Градско се појавиле првите никулци на индустријата. Во 1960 год. е изградена фабриката за битуменски маси и лепенки Изоломонт, чија вредност на производи во 1980 год. изнесувала 60 милиони денари. Во 1964 година изграден е уште еден индустриски капацитет Фабрика за производство на сточна храна со капцитет на 20.000 тони концентрат.
Во Опстината трговијата почнала да функционира со изградбата на железничката пруга и станица. Со тоа доаѓале трговци од Неготино, Велес, Скопје, Штип и др. Фирмите се бавеле со трговија на мешовита стока и вршење откуп на земјоделски производи а посебно житарици кои ги извезувале и надвор од Македонија. Трговски дуќани за продажба имало во Долно Чичево, Подлес, Виничани и Градско. Денес имаме современи продавници за мешовита стока и текстилна облека. Првите угостителски објекти се изградени во време на подигнувањето на железничката пруга. По завршувањето на Првата Светска војна 1918 год. се изградени хотел и угостителски дуќани кои во тоа време работеле успешно. Никнале и слаткари, фурнаџии и други угостителски објекти. Во поново време Градско како општина и како транзитен центар има околу десеттина ресторани кафетерии и др. Угостителски објекти од кои како по успешен можеме да го издвоиме ресторан Екслкузив.
[уреди] Поголеми стопанско-индустриски капацитети од Општина Градско
- АГРИА - Агроиндустриска Групација Месна индустрија и кланица „Агриа“ - Долно Чичево. Производство на сите видови на свежо месо, со пласман низ сите градови во Македонија и извоз во Европа.
- Земјоделски Комбинат „Вардар“ - Градско. Големо модерно-механизирано и организирано земјоделско производство на житни култури (пченица, јачмен), градинарски култури (домати, пипер, краставици), лозови насади, идустриски култури, сточарство (овци, крави, кози). Извозно ориентирано производство, но има и пласман на големо на домашните пазари.
- Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска Индустрија Велес (ХИВ)“ - Згрополци. Производство на вештачки ѓубрива за земјоделството, хемиски препарати и киселини за земјоделството, индустријата и машинството.
- Млекарница „Милком“ - Ногаевци. Производство на млеко, јогурт и сите видови на млечни производи, со пласман најчесто во општината и во Велес и поширокиот регион.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година, Општина Градско брои 3760 жители, од кои:
- Македонци 2924 (77,77%)
- Албанци 125 (3,32%)
- Турци 71 (1,89%)
- Роми 127 (3,38%)
- Срби 23 (0,61%)
- Бошњаци 465 (12,37%)
- останати 25 (0,66%)
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
- Археолошки локалитет Стоби, најголем антички град и археолошко наоѓалиште во Република Македонија. Во летниот период се користи и за културни цели како драмски претстави и музички концерти на античкиот театар.