Општина Ранковце

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Ранковце

Map of Rankovce Municipality.svg

Знаме на Општина Ранковце Грб на Општина Ранковце
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Село Ранковце
Површина 240,71 км²
Демографија
Население 4.144 жители
- проценка од 31.12.2012 3.826 жители
Густина на население 17,22 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Орце Тодоровски
Совет 9 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Ранковце 1316 Ранковце
Телефон 031/380-440
Факс 031/380-440
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта

Општина Ранковцеопштина во североисточна Македонија. Центар на општината е селото Ранковце.

Географиja[уреди]

Местоположба[уреди]

Карта на Општината.
Демографска карта на Општината.

Територијата на oпштина Ранковце се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија. Таа го зафаќа просторот на Славишко Поле, кое му припаѓа на сливното подрачје на Крива Река. Спаѓа во групата на средно големи општини и се граничи со општините Крива Паланка, Кратово, Клечевце, Старо Нагоричане и на север со општината Трговиште - Република Србија.

Општина Ранковце има значајна геостратешка положба бидејки на север граничи со Србија и индиректно на само 30 км преку Општина Крива Паланка се граничи со Р. Бугарија. Низ неа минува значајниот патен правец кој го поврзува јужниот дел на Балканот со Истанбул и Мала Азија денес познат како коридор исток-запад. Сообраќајно е поврзана со магистралниот пат на југозапад со Куманово (50 км) и со Скопје (80 км), на исток со Крива Паланка (20 км) со тоа и кон североисток преку граничниот премин Деве Баир со Ќустендил (60 км) Република Бугарија и на југ со Кратово (25 км) од тука може да се заклучи дека нејзината комуникациска положба е задоволителна.

Општина Ранковце претставува природна, географска и економска целина на 18 населени места од кои 3 се рамничарски, 9 се од ридски тип и 6 се планински, зафаќа површина од 242,55 км² седштето на Општинскиот центар е лоцирано во Ранковце и спаѓа во групата на средно големи општини.

Клима[уреди]

Општина Ранковце лежи во Славишко Поле, а од север и југ ограничена со планинските масиви. Овие орографски карактеристики имаат битно значење врз формирање на посебна локална клима. Климата е умерено - континентална што се должи на географската диспозиција и на извесните влиајнија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река. Високите делови на Осогово и Герман планина се под влијание на планинска клима. Просечната годишна температура изнесува 10,2 °C и е за 1,6 °C пониска од просечната годишна температура во Куманово, а за 2,6 °C од температурата во Скопје. Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна температура 20,0 °C додека пак најстуден месец е јануари со просечна вредност 0,3 °C. Просечното температурно колебање изнесува 20,3 °C кое е помало од Куманово и Скопје што се толкува со поголемата надморска висина. Просечната максимална температура е 15,9 °C. Највисоката максимална температура е 37,3 °C забележана на 25 јули 1987 г. Од кажаното може да се констатира дека климата се одликува со: умерено-ладна зима; умерено-топло лето; свежа пролет; и релативно топла есен. Во Ранковачката област климатските услови се погодни за овоштарство, градинарство и житарици. Во споредба со другите области што ја опкружуваат оваа област добива значителна количина врнежи. Годишната количина е 633,5 мм. Минимумот е во ноември, а максимумот е во мај со 81,5 мм. Просечниот датум на првиот снежен покривач е 30 ноември. Најраниот снежен покривач се јавува на 17 октомври, а најдоцниот датум е на 26 април. На планините снегот се задржува до јули. Во оваа подрачје дуваат ветрови од сите страни. Славиште е со најмала зачестеност на тишините со 47%. Дуваат: југозападен, северен, јужен, југоисточен и источен ветар. Најзастапен е југозападниот ветар со 219‰, со годишна брзина 2,9 м/с, а максимална 19,0 м/с. Се јавува во текот на целата година. Поради големата зачестеност на ветрови маглата е ретка појава. Просечно се јавуваат 10-12 денови со магла главно од ноември до февруари .


Релјеф[уреди]

Почвената покривка на ова подрачје се одликува со голема хетерогеност. Врз создавањето на вака мозаичен почвен покривач влијаеле многу педогенетски фактори од кои особено значајни се: геолошкиот состав, релјефот, климатските и хидролошките прилики како и растителниот и животинскиот свет. Особено на квалитетот на почвите влијае и човечкиот фактор. Но сепак како најзначаен фактор се смета геолошкиот т.е. матичниот супстрат. Минеролошкиот состав влијае врз хемискиот состав на супстратот, хемискиот пак влијае врз плодноста на почвите. Почвообразователниот супстрат во општина Ранковце може да биде:

  • Почвообразователниот супстрат од компактни карпи (планинските простори); и
  • Почвообразователен супстрат од растресите и слабо сврзани седименти (котлински рамнини).

Двата основни региони се: Планинското подрачје од север и југ и во средината Славишкото Поле. Според тоа во Славишкото Поле на најниските делови по текот на Крива Река се застапени: Алувијалните почви тие се настанати со речен нанос кој и денес се повторува. Содржат доста хумус, органоминерали, глина, биогени елементи и се одликуваат со висок степен на плодност. Најдобро успеваат: пченката, пченицата, градинарските култури.

Врз речните тераси на Крива Река се јавуваат глинести песокливи почви кои исто така се доста плодни. Потоа во мал дел се јавуваат и смолниците. На еруптивниот дел се застапени: бели и сиви песокиви почви потоа глинести почви, црвеници и кафеави почви образувани од езерски седименти и еруптивен материјал.

На падинските терени се застапени: делувијалните кои настануваат со ерозија на планинските подрачја, а ги образуваат поројните води кои при влегувањето во пониските делови од областа го таложат еродираниот материјал. Тие се сиромашни со хумус, не се обработуваат и се користат како ливади и пасишта. Планинското подрачје се карактеризира со почви првостепени за шумарството. Обезшумените стрми терени поради силната ерозија и денудација се непогодни за земјоделство. Застапеноста на растителниот свет е поголема во делот составен од кристалести шкрилци, каде се јавуваат песокливо-хумусна почва погодна за планински жита и компир. Помалку се застапени: литосоли и еродирани кафеави почви.


Хидрографија[уреди]

Разликите во релјефот, геолошкиот состав, надморската висина, климата и пошуменоста дејствуваат како фактори кои условиле значителни разлики во хидрографските прилики помеѓу планинското подрачје и Славишкото Поле. Првото подрачје планинското изобилува со извори и од Герман планина и од Осоговските планини. Осоговијата е богата со извори, потоци и реки. Ова богатство се должи на релативно големата надморска висина и геолошкиот состав. Најмногу се јавуваат во деловите каде што се застапени кристалести шкрилци. Најсилен е Тураничкиот извор на надморска висина од 1800 m. Силни се и изворите на Царев врв (извор на Крива Река), Бела Вода, Калин камен и др.

Реки[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Крива Река.

Крива Река извира во подножјето на Царев врв од силен извор на н.в. 1800 m, а се влева во Пчиња кај с. Клечовце на н.в. 295 m. Долга е 85 km, има површина на слив до 985 km2 и просечен пад од 186‰. Целата општина Ранковце и општина Крива Паланка претставува сливно подрачје на Крива Река. Минувајќи низ стрмен и тревнат предел ги собира повеќето извори што слеваат низ шумскиот појас. Низ текот ги собира реките: Киселичка Река, Криљанска Река и Дурачка Река. Од изворитето до с. Псача има тесно клисуресто корито. Оттаму влегува во Славишко Поле и има животно значење за ова плодородно поле, тука навлегува и на територијата на општина Ранковце.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Маштеница.

Маштеница (8 km) која извира под врвот Лисец (1527 m) н.в. а се влева во Крива Река кај с. Псача на н.в. 640 m. Потоа помали потоци и рекички со пороен карактер: Одренска река, Буин дол и Опилска река. Од северната страна т.е. од планината Герман која е позната по многубројни извори бидејќи е изградена од кристалести шкрилци кои се богати со извори. Позначајни изворите: “Корито”, “Јанина вода”, “Селиште”, “Чашка”, “Мишин кладенец” итн.


Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рашка Река.

Рашка (Петраличка) река која извира во с. Петралица на н.в. 1540 m, а се влева на излез од клисурата “Просеченик” на Крива Река, кај с.Псача на н.в. 640 m. Долга е 12 km.


Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ранковачка Река.

Ранковачка река е карактеристична по тоа што настанува од две рекички кои се спојуваат во с. Ранковци. Двете рекички кои се обединуваат во Ранковачка река се: Одревица која извира на н.в. 1300 m во с. Герман и Кривикаменска река која извира на н.в. 1000 m во с.Кривикамен. Ранковачка река се влива во Крива Река кај с. Опила на н.в. 500 m. Долга е 22 km.

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ветуница (река).

Река Ветуница извира во с. Паклиште на н.в. 1200 m се влева во Крива Река кај с. Ветуница на н.в 500 m. Оваа река е долга 15 km и ги собира помалите потоци од с. Отошница. За оваа река е карактеристично што е изградена мала вештачка акумулација во с.Отошница наменета за наводнување на дел од Славишко Поле.


Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Блидеш.

Река Блидеш е последната река која се влева во Крива Река од територијата на општината Ранковце. Извира во с. Враногрнци на н.в. 600 m и се влева во река Ветуница непосредно пред вливот во Крива Река на н.в 500 m. Нејзината должина е 8 km.

Историja[уреди]

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Етнички групи во оптината (2002 попис) се:

  • Македонци= 4,058
  • Роми= 57
  • Срби= 18
  • други= 11
Демиграфија на Општина Ранковце
Пописна година Население

1994 4.347

2002 4.144

Густината на население изнесува 17,22 жители/km2.

Општествени институции[уреди]

Администрација и политика[уреди]

Културни и природни знаменитости[уреди]

На територијата на општината се лоцирани и 8 верски објекти - цркви и тоа во :

  • Гиновци- црквата св.Никола која датира од 17 век а е обновена во 19 век,
  • Опила - црква св. Никола со потекло од 19 век,
  • Отошница-црквата св.Јован изградена во 19 век,
  • Петралица - црква св.Ѓорѓи која потекнува од 17 а е обновена во 19 век. За оваа црква е карактеристично тоа што Царските двери се наоѓат во гостинската соба на Републичкиот завод за заштита на споменици и култура.,
  • Псача - манастирска црква св.Никола која датира од 14 век а е изградена од властодателот Влатко, благородник на цар Душан . Од оваа црква се истакнува бронзениот хорос кој е изложен во музејот на Македонија.,
  • Радибуш - црквата св. Параскева која датира од 19 век,
  • Ранковце -црквата св. Богородица која датира од 19 век и
  • Герман - црквата св. Троица за која нема сознание за периодот од кој потекнува.

Во месноста Илин Рид кај селото Опила, се наоѓа прекрасен комплекс од идиолиформ.

Образование[уреди]

На територијата на Општина Ранковце егзистира ОУ "Христијан Тодоровски Карпош". Училиштето е со традиција и работи од далечната 1956 година. Од 2000 година работи во реновирана училишна зграда во посовремени услови. Бројот на ученици е неѓто над 400 ученика. Вкупниот персонал во училиштето изнесува 50 вработени од кои 42 наставникa кои на најпрофесионален начин ја обавуваат својата работа. Наставата се изведува на современ начин посебно во опремениот кабинетот по информатика и англиски јазик, како и останатите училници кои се опремиле со нагледни средства од Проектот за модернизација на образованието.

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]