Општина Кисела Вода

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Општина Кисела Вода е општина во градот Скопје.

Општина Кисела Вода зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општината Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината за потребите на населението функционираат 13 месни заедници. Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.


Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Кисела Вода

Map of Kisela Voda Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Кисела Вода Грб на Општина Кисела Вода
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Скопје
Површина 34,24 km²
Демографија
Население 57236 жители
Густина на население 1.671,61 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Марјан Ѓорчев
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Кисела Вода 1000 Скопје
Телефон 02 2779-069
Факс 02 2779-069 Лок. 130
Мрежно место Официјално мрежно место


Содржина

[уреди] Географиja

Карта на општината

Според Статутот на Општина Кисела Вода, подрачјето на Општината е утврдена со закон. Границата на Општината Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот “Кочо Рацин”, се движи по улицата “Бихачка”, улицата “Црниче” и улицата “346” и излегува над институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓето на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по гранизата на парк шумата “Водно” до локалитетот “Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Срачево, свртува на северо-запад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со општина Аеродром до надвозникот на улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).

[уреди] Историja

[уреди] Економија

Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Бруто домашниот производ по жител изнесува 11.964 (според попис од 2002г.). Примарната економија која генерално е составена од земјоделие зафаќа површина од 27,34 км² и неметали со површина од 6,73 км. Секундарната и терцијалната економија на територијата на општина Кисела Вода претставуваат потенцијал за одржлив економски развој на општината. Бројот на економски субјекти според стопанските гранки кои делуваат на територија на општина Кисела Вода се: 1.910 вклучени во производство; 908 во градежништво; 490 во хотели и ресторани; 1.492 економски субјекти вклучени во транспорт; 24 во финансии; 1.092 во недвижности; 26 вклучени во јавната администрација и 868 во комуникации. Најважни стопански гранки во општината се хемиската индустрија, транспортот и шпедицијата, градежништвото, прехрамбената индустрија и производството на безалкохолни пијалоци, трговската и услужната дејност

[уреди] Демографија

Со последниот попис и по донесувањето на новиот закон за територијална организација во Општина Кисела Вода има:

-Вкупно население од 58 216 жители

-Природниот прираст на населението е 4,2 промили

-Средната густина на населеност е 99 жители/км, најгусто е населен западниот дел со повеќе од 150 жители/км, а најредтко централната индустриска зона со помалку од 10 жители/км². -Старосна структура на населението: Младо население до 19 години - 28,6%, Зрело население од 20 до 59 година - 31,3%, Старо население над 60 години - 10,1%

- Структура по активност: Издржувано население 38,4%, Активно население 47,5%, Лица со лични приходи 14,1%

- Национална структура: Македонци 50702 (91,2%), Срби 1401 (2,62%), Роми 716 (1,34%), Власи 631 (1,18%), Турци 459 (0,86%)


[уреди] Општествени институции

Градоачалник на Општина Кисела Вода е Марјан Ѓорчев, поранешен министер за Земјоделство.

Подрачни единици на органи на државна управа:

-Министерство за одбрана п.е. Кисела Вода;

-Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство п.е Кисела Вода;

-Министерство за труд и социјална политика п.е. Кисела Вода;

-Меѓуопштински центар за социјална работа п.е. Кисела Вода;

-Министерсво за здравство п.е. Кисела Вода;

-Министерство за образование п.е. Кисела Вода;

-Министерство за финансии и имотно-правни односи п.е. Кисела Вода;

-Министерство за правда

-Дирекција за заштита и спасување.

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

Палење на Бадников Оган

Бидејќи Општина Кисела Вода е претежно општина со Македонско православно христијанско население. Палењето на Бадниковиот Оган кој го симболизира раѓањето на Исус Христос(врховниот бог во христијанската религија).На територијата на Општина Кисела Вода за време на овој празник се палат повеќе од 12.000 огништа на различни места,каде што ритуалот е ист греена ракија и вино пиротехника и добра забава пред или позади секоја претежно станбено населена зграда. Утрото после палењето на оганот малите деца одат од куќа до куќа од стан до стан и го јавуваат исусовото раѓање со песничка чија традиција и текст останал ист повеќе од 250 години. Песничка за која тие добиваат подароци одкако ќе ја испеат : бонбони,колачи,овошја па дури и пари за оној што ќе биде прв што тропнал на нечија врата.Бадниковиот оган сегде се пали каде што има христијанско население на истиот ден но различен го прави оганот во Кисела Вода што е придружен со често многу изведувачи од Македонската поп-естрада.Врнежите од дожд на овој ден знаат да ја отежнат оваа пракса но секогаш граѓаните на Кисела Вода и останале достојни.Исто за време на овој празник мештаните на Кисела Вода можеби ќе имаат среќа да го видат и од блиску да го запознаат и „таткото на Скопје“ граданачалникот Коце Трајановски, кој до сега не посетил неколку пати на повеќе различни настани.Како редовни настани може да се наведат и шведските маси што обично се организираат од месните заедници и во нив се одржуваат не зависно која партија е на власт.Тоа се трпези со деликатно избрана храна што нема прилика секој и секогаш да си ја дозволи придружено од вина кој се од најдобрите речиси на целиот балкан.На овие трпези можете да најдете вино од бербите дури и во далечната 1996та година.Средствата се донирани само иницијативно од граѓаните но не и морално за да се учествува на еден таков настан.Тој настан кој нема официјално име го посетуваат ВИП личности придружени од нивното обезбедување и поворка на луѓето од нивна класа.Тие преставуваат посебен интерес за граѓаните на општина КИСЕЛА ВОДА.Благодарение на тие личности од политичката и бизнис сцена па и од естрадата многу други граѓани на околните општини доаѓаат да учествуваат или со цел да ги пробаат најдобите вина и специјалитети или едноставно да се сликаат со нивните идоли.Кисела Вода неможе да им замери и овие настани се настани од отворен карактер со редовна пракса и традиција од околу не многу значајни 10 или повеќе години.Исто како традиционален редовен настан е ОДЕЊЕТО ВО КРУШЕВО/ПЕЛИНЦЕ Тоа е настан каде што граѓаните на Кисела вода се собираат пред одреден месен комитет и имаат безплатно еднодневно патување на сметка на државата.Тој настан се случува по повод формирањето на крушевската република е област каде што се случиле значајни битни за ослободувањето и протерувањето на Отоманлиската империја од Македонија и од Балканот. Истиот настан се проследува и слави од областа http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B5кое место е исто така значајно за формирањето на АСНОМ.Место кое изобилува со историја.

[уреди] Збратимени општини

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Наводи

  1. Кисела Вода се збратими со Бахчелиевлер од Истанбул“, Курир, 4 април 2012. Проверено на 4 април 2012.

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици