Црниче

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црниче — скопска населба во состав на Општина Кисела Вода која се граничи со населбите Кисела Вода и Пржино. Населбата Црниче е позната по малите куќи кои се проститраат во горниот дел на населбата. Исто така, во населбата има и современи згради кои се распослани низ целото маало, како и поранешната куќа на духови на чие место денес е изградена зграда. Во Црниче живеат повеќе од 300 домаќинства.

Историја[уреди | уреди извор]

Месноста Црниче е населена барем уште од доцната антика, од кога датира тврдината Чрнче сместена на ридот Марково Крувче на југ.

Во денешен облик, Црниче постои уште од основањето на Општина Кисела Вода на 28 јуни 1955 г. кога се основале населбите: Кисела Вода, Пржино и населбата Црниче. За време на основањето во Црниче имало куќи со широки и големи дворови, вклучувајќија и единствената опседната куќа на духови во Скопје која се наоѓа токму во Црниче.

Основни училишта[уреди | уреди извор]

ОУ ,,Кузман Јосифовски - Питу" - Црниче

Верски институции[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]