Општина Босилово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Босилово

Map of Bosilovo Municipality.svg

Знаме на Општина Босилово Грб на Општина Босилово
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Село Босилово
Површина 161,99 км²
Демографија
Население 14.260 жители
- проценка од 31.12.2012 14.101 жители
Густина на население 88,03 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Љупчо Колев
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Босилово 2431 Босилово
Телефон 034 371-600, 034 371-244
Факс 034 371-600
Портал Службен портал
Карта на општината.
Демографска карта на општината.

Географиja[уреди]

Општина Босилово се простира на површина од 161,99 км. Сместена во југоисточниот дел на Република Македонија, со правец на протегање североисток - југозапад, распространета во средишниот дел во Струмичкото Поле, завзема значајно место во Струмичкиот регион. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.

Општина Босилово се наоѓа на надморска височина од 250 метри, опфаќајки ги јужните падини на планината Огражден. Од север се граничи со Општина Берово, од исток со Општина Ново Село, југоисточно граничи со Општина Струмица, а западно со Општина Валандово.

Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства.

Сите села кои егзистираат на територија на оваа општина се низински, со просечна густина од 95,4 жители на 1км. Централна населба на општината е Босилово, во кое живеат вкупно 1698 жители, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината. Општина Босилово има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Се наога на само 7 км од најголемиот урбан центар во Регионот, Градот Струмица со кој е поврзан со магистралниот пат М6, кој воедно ја поврзува општината граничниот премин со Република Бугарија. Со повеќето локални патишта таа е поврзана и со останатите населени места во регионот.

Хидрографска мрежа[уреди]

Име на река Површина на сливот во км2 Должина во км. Просечен пад Пошуменост во %
Турија 45 7 4% 15%
Струмица 380 9,5 1,1% 15%
Штука / 4 / 15%
Иловица 25,6 9,80 1,34% 15%

Историja[уреди]

Општина Босилово како локална самоуправа била формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од 1963 година.

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Според последниот попис од 2002 година, општината има 14.260 жители.[1]

Старосна структура[уреди]

Возраст Број на население
од 0-19 години 4093
од 20-60 години 7828
над 60 години 2339
Вкупно 14260

Структура по образование[уреди]

Вид на образование Број
Високо образование 117
Више образование 160
Средно образование 2133
Основно образование 3749
Непотполно основно образование 3180
Без школска подготовка 477
Вкупно 9816

Општествени институции[уреди]

Основни училишта

Администрација и политика[уреди]

Во селото Босилово се наоѓа општинската администрација на Општина Босилово. Градоначалник на општината е Љупчо Колев. Советот на општината го сочинуваат 15 членови.

Во склоп на општината работат следните одделенија:

  • Оделение за правни работи, општи работи и јавни дејности
  • Оделение за финансиски прашања
  • Оделение за комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој
  • Оделение за внатрешна ревизија
  • Оделение за инспекциски работи (Инспекторат)
  • Оделение за управување со човечки ресурси

Културни и природни знаменитости[уреди]

Археолошки локалитети[уреди]

име населено место општина тип период
Тумба Гечерлија Оп. Босилово населба римско време
Долно градиште Дрвош Оп. Босилово населба среден век
Мало градиште Дрвош Оп. Босилово населба доцна антика
Селиште Дрвош Оп. Босилово населба/некропола среден век
Тумба Дрвош Оп. Босилово могила римско време
Ушите Дрвош Оп. Босилово населба римско време
Чешмина Глава Дрвош Оп. Босилово населба римско време
Тумба Дрвош Оп. Босилово населба римско време
Варница Иловица Оп. Босилово градиште доцна антика
Гробишта Иловица Оп. Босилово населба доцна антика
Варница Иловица Оп. Босилово градиште доцна антика
Крива Топола Иловица Оп. Босилово населба римско време
Крст Иловица Оп. Босилово могила римско време
Куши Тумба Иловица Оп. Босилово населба доцна антика
Црквите Иловица Оп. Босилово некропола римско време
Гаскарник Сарај Оп. Босилово населба доцна антика
Говедарник Хамзали Оп. Босилово населба доцна антика
Тумба Хамзали Оп. Босилово населба доцна антика
Тумба Штука Оп. Босилово населба доцна антика
Црквиште Штука Оп. Босилово градиште доцна антика

Цркви[уреди]

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Знамето на Општина Босилово е составено од неколку елементи. Во прицврстениот дел има два триаголника кои се допираат во средината на страничната лента. Триаголниците се поставени на сина основа. Од триаголниците изгрева сонце со пет краци.

Иселеништво[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]