Дрвош

Координати: 41°30′2″N 22°46′27″E / 41.50056° СГШ; 22.77417° ИГД / 41.50056; 22.77417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрвош

Улица во селото

Дрвош во рамките на Македонија
Дрвош
Местоположба на Дрвош во Македонија
Дрвош на карта

Карта

Координати 41°30′2″N 22°46′27″E / 41.50056° СГШ; 22.77417° ИГД / 41.50056; 22.77417
Општина Босилово
Население 614 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27027
Надм. вис. 370 м
Дрвош на општинската карта

Атарот на Дрвош во рамките на општината

Дрвош — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дрвош
Училиште „Гоце Делчев“
Црква „Св. Ѓорѓи“

Дрвош се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 370 метри додека селото зафаќа површина од 23 км2. Од нив, 1.855 хектари се шумско земјиште, додека 284 хектари се обработливо земјиште и 120 хектари се пасишта. Селото има поледелко-шумарска функција[2] Северно од селото се наоѓа планината Огражден.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Името Дрвош значи „населба среде дрвјаили „населба среде шума“. И денес селото е опколено со горски дрвја, особено со дабова шума. Најверојатно селото Дрвош било основано во времето на османлиското владеење на овие простори. Според легендата, најпрвин во селото се населиле две семејства, а по нив дошле и други. Со копачење на шумата тие отвориле место за неселба, која во еден турски пописен дефтер од XVI век е спомната со името Дрвош[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 130 семејства и 285 жители Македонци и 108 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7].

По започнувањето на Балканските војни, 1 човек бил доброволец во Македонско-одрински доброволни чети[8].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[9].

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948417—    
1953477+14.4%
1961566+18.7%
1971639+12.9%
1981688+7.7%
ГодинаНас.±%
1991699+1.6%
1994695−0.6%
2002699+0.6%
2021614−12.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]

Според Пописот на населението од 2002 година, во селото живееле 699 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 614 жители, од кои 540 Македонци, 1 Албанец и 73 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 280 417 477 566 639 688 699 695 699 614
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1818 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 565 гласачи.[18]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 579 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Борба со бикови
  • Фудбалски клуб ДРВОШ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.104.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845.
  9. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис у Македонији 2002. - Књига 10.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  19. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]