Општина Кочани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Општина Кочани е општина во Источна Македонија. Центар на општината е градот Кочани.

Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Кочани

Map of Kočani Municipality.svg

Знаме на Општина Кочани Грб на Општина Кочани
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Кочани
Површина 360,36 km²
Демографија
Население 38092 жители
Густина на население 105,71 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Ратко Димитровски
Совет 19 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште „Раде Кратовче“ бр. 1 2300 Кочани
Телефон 033 274 001
Факс 033 273 542
Мрежно место Официјално мрежно место
Е-пошта е-пошта
Карта на општината

Содржина

[уреди] Географиja

Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, лоцирана на севроисточната страна на Кочанската котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.

Општината се граничи со:

Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски.

[уреди] Историja

Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80- те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Според пописот на населението од 2002 г. во општина Кочани живеат 38 092 жители[1], од кои:

  • Македонци 35 472 (93,12%)
  • Роми 1951 (5,12%)
  • Турци 315 (0,83%)
  • Власи 194 (0,50%)
  • Срби 63 (0,17%)
  • останати 97 (0,26%)

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

Административно седиште на општината е градот Кочани. На локалните избори во март 2009 година за градоначалник на општината е избран Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ. Општинскиот совет брои 19 членови, од кои 5 се од ВМРО-ДПМНЕ, 7 од СДСМ, 2 од ВМРО-НП, и по 1 од ЛДП, СДПМ, ДС, СПМ и ДОМ.

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Земјоделство

Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.

Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели, Р-76/6, Сан Андреа, Прима риска, и Монтеса. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции , за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.

За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.

[уреди] Иселеништво

Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата популација, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.

[уреди] Види исто така

Инфо-Кочани

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Извори

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици