Општина Арачиново

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Општина Арачиново

Map of Aračinovo Municipality.svg

Местоположба на Општина Арачиново во рамките на Македонија.
Знаме на Општина Арачиново Грб на Општина Арачиново
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Арачиново
Регион Скопски регион
Површина 31.3 km²
Основање 1996
Службен јазик македонски
албански
Демографија
Население 11,992 жители
Густина на население 370,51 жители/km²
Населени места
Етнички групи Албанци
Локална власт
Градоначалник Бастри Бајрами
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште ул. „14“, б.б., 1045, Арачиново, Македонија.
Телефон 02 2579-803
Мрежно место Официјално мрежно место
Е-пошта е-пошта


Општина Арачиново (албански: Komuna e Haraçinës) е општина во северна Македонија. Центар на општината е Арачиново.

Содржина

[уреди] Географиja

[уреди] Историja

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 km од главниот град на Република Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2002 година, територијата на општина Арачиново се протега во 24 км2, со 11992 жители и 2582 куќи. Етничката структура на општината е следна:

Според старосната структура, населението е поделено на следниот начин:

  • 10.63% се од 0-4 годишна возраст;
  • 11.69 % од 5-9 годишна возраст;
  • 10.52% од 10-14 годишна возраст;
  • 9.46% од 15-19 годишна возраст;
  • 9.35% од 20-24 годишна возраст;
  • 9.30 % од 25-29 годишна возраст;
  • 8.45% од 30-34 годишна возраст;
  • 6.87% од 35-39 годишна возраст;
  • 5.02% од 40-44 годишна возраст;
  • 4.63% од 45-49 годишна возраст;
  • 3.69% од 50-54 годишна возраст;
  • 3.41% од 55-59 годишна возраст;
  • 2.55% од 60-64 годишна возраст;
  • 1.73% од 65-69 годишна возраст;
  • 1.32% од 70-74 годишна возраст;
  • 0.60% од 75-79 годишна возраст;
  • 0.33% од 80-84 годишна возраст и
  • 0.30% над 84 годишна возраст.

Од горенаведените податоци може да се констатира дека 32,84% од жителите на општина Арачиново се од 0-14 годишна возраст, 62,73% од 15-64 годишна возраст, 4,28% над 64 годишна возраст, односно 53,08% од жителите се на фертилна возраст.

Ако се споредат податоците со податоците на другите општини, може да се констатира дека општина Арачиново има најмладо население во Република Македонија.

Според бројот на жителите, Советот на општина Арачиново се сотои од 15 советници, избрани на непосредни, слободни избори со тајно гласање.

Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1000 ученици.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

Прва наставничка - жена во оваа општина во периодот 1969-2004 била Рукије Синани. Прв имам-оџа образован во тоа време од 1950-1983 бил Мола Ферат Ибрахими, прв дипломиран педагог 1972-2009. Лазин Реџепи, прв полицаец. Џим Шерифи 1982-2009 прв дипломиран криминалист инспектор. Блерим Синани 1991-2009, кој истовремено е и магистрант на факултетот за политички науки при Ф.О.Н. Меѓу првите наставнички од оваа општина биле: Тахир Лимани, Магбуле Лимани, Наим Ајдари, Фатиме Ајдари, Илми Исмаили, Имер Синани и др.


[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици