Општина Виница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Виница

Map of Vinica Municipality.svg

Знаме на Општина Виница Грб на Општина Виница
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Виница
Површина 432,67 km²
Демографија
Население 19938 жители
Густина на население 46,08 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Емил Дончев
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Бел Камен б.б. 2310 Виница
Телефон 033 361-945
Факс 032 300-022
Мрежно место Официјално мрежно место

Општина Виница е општина која се наоѓа во Источна Македонија. Општината ја сочинуваат градот Виница и уште 16 населени места. Општината има 19.938 жители (податок од 2002 год.). Градоначалник на општината е г-дин Емил Дончев. Седиште на општината е градот Виница.



Содржина

[уреди] Географиja

Општина Виница има површина од 334 km2 и е составен дел на источниот плански регион. Го зафаќа југоисточниот дел од Кочанската Котлина. Од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица, а на исток со падините на планината Голак. Општинскиот центар е градот Виница. Покрај градот, општината је сочинуваат уште 16 населени места. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.[1]

На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисокиот врв Лисец (1754 m) и Голак (до 1000 m). На падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф од рамниот релјеф кој превладува во северниот и западниот дел, на надморска височина од 390-450 m и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Кочанската котлина.[1]

Во состав на општината влегуваат и 16 села: Блатец, Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Лаки, Лески, Липец, Пекљани, Трсино и Црн Камен.

[уреди] Историja

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на градот Виница.

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Со тој закон била формирана и општина Виница. Претходно од 1952 до 1965, нејзината територија била во склоп на Општина Штип.[2]

[уреди] Економија

Во руралните подрачја превладува земјоделието, додека во градот постојат индустриски објекти од различни сектори и услужните дејности. Главни индустриски капацитети во Виница се: фабриката за градежни материјали „Тондах“, текстилните фабрики „Трико“, „Винка“ и „Виничанка“, дрвно-преработувачките капацитети „Мебел – Ви“ и „Мебел Трејд“, прехранбената индустрија „Винчини“ и други помали капацитети.[1]

Развојот на градот Виница е темели на обнова и реконструкција на постојната индустрија и на поголема застапеност на услужните дејности. Планирани се изградби на нови стопански капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој.[1]

[уреди] Демографија

До 1961 година населението се намалува поради иселување на населението од Општината. Подоцно расте градското население поради миграцијата од село во град. Во периодот од 1995 до 2005 година населението повторно се намалува, поради иселување од државата. Во 2005 година во општината живееле околу 19.000 жители, од кои во градот околу 10.000. Според нивото на образование, превладува население со средно и пониско образование. Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува 46% од работоспособното население. Густината на населеност е 46,08 жители на квадратен километар.[1]

Според пописот од 2002 година, Општината брои 19 938 жители од кои:

[уреди] Администрација и политика

Општинскиот совет е составен од 15 члена од кои, 8 се од коалицијата ВМРО, 6 од коалицијата СДСМ и 1 од СДУ. Членовите претсавуваат тело на советот и комисии за финансирање, урбанизам, општествени дејност, статут и прописи, мандатни прашања, правата на мажите и жените и правата на пациентите.[3]

[уреди] Културни и природни знаменитости

Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки локалитети[4]:

[уреди] Култура и спорт

Во општината има десет православни цркви и две во изградба, од кои најголема е градската црква, чиј патрон е Св.Архангел Михаил“, два манастири и една новоизградена џамија во градот. Во општината исто така постои и музеј на теракотни икони, „Теракота“, како и културен дом „Тошо Арсов“.

Градот Виница е седиште на ФК Филип Втори.

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Основни податоци за Општина Виница“. Официјално мрежно место на Општина Виница. 13 јули 2010. http://www.opstinavinica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=65&Itemid=69&lang=mk&showall=1. проверено на 2012-05-13. 
  2. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија од 1965, број 2“, Службен весник на СРМ, 25 јануари 1965. Проверено на 2012-05-13.
  3. „Општинска администрација“. Официјално мрежно место на Општина Виница. 27 октомври 2010. http://www.opstinavinica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=94&Itemid=75&lang=mk. проверено на 2012-05-13. 
  4. Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици