Виничко кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошки локалитет
Виничко Кале
Виничка тврдина.JPG

Поглед против тврдината од старо маало

Виничко Кале се наоѓа во Име на локалитетот
Виничко Кале
Виничко Кале
(Име на локалитетот)
Основни податоци
Име Виничко Кале
Место Виница
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период доцноантичко време
Портал:Археологија
Виничко кале, Источната страна на тврдината
Виничко кале, Централниот дел на тврдината
Виничко кале, Западниот бедем на тврдината

Виничко калеутврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај градскиот бедем од IV-VI век целосно зачувани. Се наоѓа на југозападниот брег на градот Виница, висок околу 70 м, покрај патот Виница - Лески.

Општи карактеристики[уреди]

Се наоѓа југозападно од градот Виница, лево од Грдечка Река, на рид со неправилен облик, издолжен во правец југоисток-северозапад, со надморска височина од 400 м. Опкружен е со стрмни страни со исклучок на југоисточната која со длабок и широк вештачки ров го одвојува од соседната височина. Има нерамен врв, со пад кон северозапад, каде висинската разлика достигнува и до десет метри. Габаритот на просторот што го зафаќаат остатоците од утврдувањето има приближни димензии од 250 x 150 м, што изнесува околу 2,5 ха. Според површинските остатоци, населбата се простирала и на падините од ридот, како и на околните ритчиња. Со својата височина и положба локалитетот доминира над просторот од Виница, а има убава прегледност и над коритото на Брегалница.[1]

Археолошки истражувања[уреди]

Виничкото Кале како археолошки локалитет е забележано уште во 1954 од страна на М. Грбиќ, под името „Градиште“, а подоцна, во 1958, М. и Д. Гарашанин го вовеле поимот „Кале Баир“. Интересот за неговото истражување се појавил во 1978 година, кога археологот Ц. Крстевски донел во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнало со археолошки ископувања кои непрекинато траат до денес. На почетокот како заштитни, а подоцна систематски, со овие ископувања е констатирана релативната стратиграфија на локалитетот. Според археолошките наоди, особено керамичките, животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од неолитското време сè до полниот среден век, со таа разлика што се најмногубројни архитектонските остатоци од доцноантичкото време (IV век-V век). Откриени се остатоци од ѕидови на неколку објекти од профан карактер, со организирани тремови, „клупи“ за седење, магацински простории, ѕидани од камен и варов малтер, кои на одделни места се зачувани во висина дури до 4 м. Во едни се најдени писцина, префурниум, водоводни инсталации и друго. Објектите биле подигнати покрај одбранбениот бедем, од кој е откриен еден дел заедно со една полукружна кула. Бедемот е ѕидан од кршен камен и варов малтер, а неговата ширина изнесува 3 м. Значајно е да се спомене дека во шутот меѓу ѕидовите е најден голем број на цели и фрагментирани реплики од теракотни икони, со непроценливи археолошки, уметнички и теолошки вредносни димензии. Приближно на средината на локалитетот се наоѓаат моше лошо зачувани остатоци од ѕидови на мала средновековна црква, многу порано прекопана од „диви копачи“ – трагачи по злато. Околу црквичката е откриен голем број примероци од архитектонска пластика, и тоа колони, бази, капители, делови од канцел, транзени, подни плочи и сл., а од подвижниот материјал фрагменти од керамички садови, предмети од бронза, железо и коска, потоа накит, монети и друго. Откриен е и истражен богат женски гроб од XII век во кој се најдени 9 стаклени и 4 бронзени позлатени белезици, 11 бронзени прстени (неколку позлатени) и еден предмет од коска (игленица).[2][3]

Откритија и резултати[уреди]

Резултатите од ископувањата, иако сè уште незаокружени, јасно покажуваат дека утврдената населба на Виничко Кале била перманентно изложена на подеми и падови што јасно се забележува преку градежните интервенции кај објектите. Секако, во сето тоа голем удел имала и неговата местоположба, која лежи на една од фреквентните економски антички комуникации - патот од Стоби за Пауталија и Сердика. На овој пат, според историските извори, имало неколку градски населби, па оттука се наметнува размислувањето дека можеби еден од градовите Армонија или Каленидин се наоѓал токму на Виничко Кале, што се очекува да се потврди со натамошните истражувања. Траги од живот на овој локалитет има уште од раната Антика. Во IV век градот добил утврдување кое било обновено во VI век. Постои веројатност дека тука е лоциран градот Келенидин, познат од пишани извори како епископско седиште. На овој локалитет е откриена ранохристијанска базилика, станбени и стопански простории во кои се откриени т.н. Винички икони.[4]

Винички икони[уреди]

Овие теракотни рељефи содржат иконографски претстави со христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина. Датираат од V - VI век и веројатно служеле како апликација на ѕидовите на гробните објекти во доцноантичкиот период во виничкиот градежен комлекс. Теракотните икони од Виничкото Кале кои биле откриени од археологот Цоне Крстевски претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност.[5]

Видете исто така[уреди]

Други археолошки локалитети во околината на Виница. Шаблон:ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација Ова е список на археолошки локалитети во Општина Виница.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Музеј Теракота
  2. М. Грбиќ, Археолошки наоѓалишта во Македонија, МКДМ, I, бр. 9, Скопје, 1954, 115
  3. М. Гарашанин- Д. Гарашанин, Археолошке белешке са рекогносцирања у Источној Македонии, ЗШНМ, И, Штип, 1959, 69
  4. Музеј Теракота
  5. Музеј Теракота