Драгобраште
| Драгобраште | |
| Координати | |
| Регион | Источен регион |
| Општина | Општина Виница |
| Население | 392 |
| Поштенски број | 2310 |
| Повикувачки број | +38933 |
| Надморска височина | 550 |
| Мрежно место | Драгобраште |
Драгобраште е село од разбиен тип, кое е сместено во Општина Виница.
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Од градот Виница е одалечено 10 километри и се наоѓа на патниот правец за Делчево и Берово, во северо источниот дел на општината, на надморска височина од 550 метри. Составено е од повеќе маала: Чукарлии, Мирмарци, Брбољковци, Софинци, Криворамци, Капетанци и други.[1]
Историja [уреди]
Според бугарскиот академик Дуриданов, името на селото е добиено по личното име Драгобрат.[2] Додавајки му ја придавката ja селото станало Драгобратја, кое заради повеки јазични записи од српски и бугарски јазик останало именувано според наречјето на народот Драгобрашта (Драгобраќа).
Економија [уреди]
Претежно населението се занимава со земјоделство, а најзастапено е одгледувањето на тутун, голем дел од населението е на привремена или стална работа во странство.[се бара извор]
Демографија [уреди]
Во 1900 г. според бугаринот К’нчев селото имало 700 жители христијани (според него Бугари)[3]. Во други бугарски извори од 1905г. селото имало 488 жители.[4] Во 1971 населението броело 722 жители, а во 1981 е намалено на 623 жители. Трендот на намалување е забележен и во 1991 кога селото имало 490 жители.[5] Според последниот попис од 2002, селото имало 392 жители Македонци.[6] Намалувањето на населението почнало в периодот на осумдесетите години, кога почнала индустијализацијата во Македонија, кога населението се изселувало во градовите. Подоцна во деведесетите години, поради слабата економска состојба во државата, населението се изселувало во западна Европа.[7]
Општествени институции [уреди]
Во селото има пошта и здравствен дом. Во Драгобраште се наоѓа ОУ „Никола Парапунов“ во кое учат деца и од околните села.
Културни и природни знаменитости [уреди]
Во маалото Чукарлии се наоѓа црквата Св.Богородица, а во непосредна близина на селото се наоѓа и познатиот манастир Св.Спас.
Иселеништво [уреди]
Поради економски причини, од 1991, од селото емигрирале над 30 семејства, се претпоставува оклу 40% од вкупното население. Најногу изселеници има во Италија.[се бара извор]
Личности [уреди]
- Дончо Христов, македонски револуционер, војвода на ВМРО
- Стојан Георгиев, македонски револуционер, деец на ВМРО
Галерија [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Општина Виница - Онлајн прашања
- ↑ Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 171.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133
- ↑ Државен завод за статистика
- ↑ Државен завод за статистика
- ↑ Општина Виница Он лине одговори