Источна Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Источна Македонија е географски регион во границите на Македонија кој се протега на исток од грницата со Бугарија, на север до етногеографскиот регион Козјачија, и општините Куманово и Крива Паланка (Северна Македонија), на југ до границата со Грција на планината Беласица и на запад до Повардарскиот регион (Средишна Македонија - Повардарие).[1]

Релјефно, во целиот регион планините и котлините припаѓаат на старите грамадни планини односно на родопскиот систем. Сите реки во регионот припаѓаат на егејското сливно подрачје, а најголема река во Источна Македонија е Брегалница.

Во овој регион спаѓаат градовите: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Кратово и Пехчево.

[уреди] Наводи

  1. Geografsko društvo na SR Makedonija (1973). „Geographical reviews“. Društvo. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици