Општина Демир Капија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Општина Демир Капија е општина во Централна Македонија. Центар на општината е градот Демир Капија.
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Град Демир Капија | |||||||||
| Површина | 311,06 km² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 4545 жители | |||||||||
| Густина на население | 14,61 жители/km² | |||||||||
| Населени места |
15
|
|||||||||
| Локална власт | ||||||||||
| Градоначалник | Трајче Димитриев | |||||||||
| Совет | 9 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Маршал Тито б.б. 1442 Демир Капија | |||||||||
| Телефон | 034 225-133 | |||||||||
Содржина |
[уреди] Географиja
[уреди] Историja
Археолошките испитувања досега немаат откриено кој би го потврдил името на античката населба која се наоѓа во Демир Капија.Единственото расположливо име кое го имаме е Стемане кое значи Теснец Клисура.
Словенското име кое се задржало до средниот век - Просек а подоцна турскиот назив- Демир Капи во превод Железна врата.
Според досегашните наоди со сигурност може да се тврди дека на просторот пред тунелот,нешто јужно од денешна Демир Капија постоела една пеонска населба.Откриени се тврдини на брегот покрај клисурата како и гробна некропола кои се карактеристични за сите илирски и пеонски племиња во Македонија.Во средниот век крај денешна Демир Капија се споменува утврдениот град Просек - Теснина,
кој се наоѓал на левата страна на Вардар.Самиот град имал голема улога на стратешко место поради што кон крајот на 9 век Бугарите ја преземале оваа територија од Византија.Подоцна овој простор потпаѓа под власта на Цар Самуил а потоа повторно под Византија.
Некогашната градска населба е утврдена со ѕидини а од јужната страна е природно заштитена.Во римскиот дел на градот се откриени остатоци од канализација и керамика стакло и др.
На овој простор подоцна е подигната црква која најверојатно датира од 9 - 10 век.Во времето кога македонските Словени го примале христијанството.Судејќи според пронајдените гробови и гробните наоди црквата била во употреба се до 15 век кога била урната и напуштена.
Демир Капија како видно статешко место претставувала седиште на многу култури и нации кои оставиле задсебе белег кој денес ни помага да откриеме нешто повеќе за нив а со тоа да го збогатиме нашето културолошко знаење