Челевец

Координати: 41°24′58.33″N 22°17′20.73″E / 41.4162028° СГШ; 22.2890917° ИГД / 41.4162028; 22.2890917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Челевец

Поглед на селото

Челевец во рамките на Македонија
Челевец
Местоположба на Челевец во Македонија
Челевец на карта

Карта

Координати 41°24′58.33″N 22°17′20.73″E / 41.4162028° СГШ; 22.2890917° ИГД / 41.4162028; 22.2890917
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 43 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18032
Надм. вис. 190 м
Челевец на општинската карта

Атарот на Челевец во рамките на општината
Челевец на Ризницата

Челевец — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на левата страна на реката Вардар, како и на автопатот.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 190 метри.[2]

Селото Челевец е сместено на двата брега на Јуручка Река (или Челевечка Река), пониско од соседното село Иберли, а над кањонот на реката. Водата од реката се користи и зиме и лете.[3]

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Јокаре, Орта и Аша Маало.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Родовите во селото се населиле во него кон крајот на XVII век.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 12 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 46 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 32 хектари, а на шумите само 3 хектари, додека на неплодното земјиште отпаѓаат околу 1.000 хектари.[2]

Селаните се вистински сточари. Над селото имале и бавчи со пипер, а во присојните места на атарот имаат лозја. Во минатото на реката имале четири воденици.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948235—    
1953274+16.6%
196144−83.9%
197164+45.5%
198148−25.0%
ГодинаНас.±%
199153+10.4%
199449−7.5%
200252+6.1%
202143−17.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Челевец имало 283 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]

Селото е мошне мало, коешто во 1961 година имало 44 жители, од кои 28 биле Турци и четири жители Срби, додека во 1994 година бројот изнесувал 49 жители, исклучиво турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Челевец имало 52 жители, сите Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 1 Албанец, 38 Турци и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 283 235 274 44 64 48 53 49 52 43
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Стара куќа во селото

Челевец е турско-јуручко село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Стари родови: Пуќиовларе (10 к.), Мидиловларе (12 к.), Муратлар (4 к.), Мечолар (3 к.), Алиогуларе (3 к.), Аметлер (9 к.), Џарелер (4 к.), Мемелер (3 к.) и Имерлер (2 к.), стари родови во селото. Тука живеат уште од XVII век.
  • Други доселеници: Чинчевци (1 к.), доселени се од селото Бесвица; Ќехаовци (1 к.), и тие се од селото Бесвица и Арнаутовци (1 к.), исто така доселени се од селото Бесвица, а подалечно потекло имаат од Дебарско. Овие доселеници уште не го говореле турскиот јазик.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1912 година во Турција се иселиле 6 семејства.[3] Бранот на иселувања во Турција продолжил во 1960-тите и 1970-тите години.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Челевец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Челевец, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Џеват-турканова џамија

Во селото постои избирачкото место бр. 1243 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Иберли и Кошарка.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 76 гласачи.[13] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[15]
Џамии
Реки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 317. Посетено на 29 септември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 497–498.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 29 септември 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]