12 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
12 април е 102-иот ден во годината според григоријанскиот календар (103-и во престапна година). Остануваат 263 денови до крајот на годината.
Настани:
| 467 | Антемиј станал римски император. |
| 1204 | Крстоносците го освоиле и опустошиле Константинопол. |
| 1557 | Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор. |
| 1606 | Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство. |
| 1633 | Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј. |
| 1861 | Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина. |
| 1877 | Обединетото Кралство ја анексирала Јужната Африканска република. |
| 1903 | Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот. |
| 1917 | Прва светска војна: Канада победила во битката кај Вими против Германија. |
| 1935 | Прв лет на Бристолската авиокомпанија. |
| 1945 | Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција. |
| 1961 | СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток -1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин. |
| 1966 | Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина. |
| 1981 | Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА. |
| 1992 | Отворен е Паркот Дизниленд во Париз, прв во Европа. |
Родени:
| 570 | Во околината на Мека (денешна Саудиска Арабија) роден е врховниот пророк во Исламот и политички водач Мухамед. |
| 1484 | Антонио да Сангало Помладиот, важен италијански архитект од времето на Ренесансата. |
| 1577 | Кристијан IV , дански крал. |
| 1748 | Антоан Лоран де Жисје, француски ботаничар, класификатор на цветните растенија. |
| 1823 | Александар Островски, руски драматург. |
| 1839 | Николај Пржевалски, руски истражувач. |
| 1851 | Едвард Волтер Маундер, англиски астроном . |
| 1852 | Фердинанд фон Линдеман, германски математичар. |
| 1866 | Принцеза Викторија од Прусија. |
| 1851 | Едвард Волтер Маундер, англиски астроном . |
| 1871 | Јоанис Метаксас, грчки фашист и диктатор. |
| 1921 | Сократ Маркилов, македонски борец. |
| 1961 | Лиза Џерард, австралиска пејачка. |
| 1971 | Шенон Доерти, американска актерка. |
| 1986 | Блерим Џемаили, швајцарски фудбалер со македонско потекло. |
Починале:
| 1555 | Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон. |
| 1817 | Шарл Месије, славен француски астроном, автор на Месијеовиот каталог. |
| 1945 | Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати. |
| 1977 | Михо Чакеља, македонски архитект. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |