Антоан Лоран де Жисје

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антоан Лоран де Жисје
Antoine-Laurent de Jussieu
Jussieu Antoine-Laurent de 1748-1836.jpg
Роден 12 април 1748(1748-04-12)
Лион, Франција
Починал 17 септември 1836(1836-09-17) (на 88 год.)
Живеалиште  Франција
Националност  Франција
Полиња ботаника
Установи Градина на растенијата, Париз
Познат по класификација на цветните растенија
Авторска кратенка (бот.) Juss.

Антоан Лоран де Жисје (француски: Antoine-Laurent de Jussieu; 12 април 174817 септември 1836) — француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес. Класификацијата претставува дополнување и разработка на необјавното дело на неговиот чичко, Бернар де Жисје.

Живот[уреди]

Жисје е роден во Лион. Студирал медицина во Париз, и дипломирал во 1770. Станал професор по ботаника во установата Градина на растенијата (Jardin des Plantes) од 1770 до 1826 г. Син му, Адриен Анри, исто така станал ботаничар.

Во трудот посветен на цветните растенија Genera plantarum („Растителни родови“, 1789), Жисје увоил методологија на класификација според простите особености на растенијата, идеја која ја добил од шкотско-францускиот ботаничар Мишел Адансон. Ова претставувало значаен напредок во однос на „вештачкиот“ систем на Карл Линеј, чие најпопуларно дело ги класификувало растенијата во класи и редови според бројот на прашници и толчници. Жисје сепак ја задржал Линеевата биномна номенклатура, поради што делото се стекнало со големо и долгосежно влијание - голем дел од растителните фамилии и денес му се припишуваат на Жисје. Од фамилиите зачувани во правилникот ICBN, 76 се на Жисје, наспроти само 11 на Линеј.[1]

Во 1788 е избран за странски член на Кралската шведска академија на науките.

Жисје бил член на истакнатата масонска ложа „Девет сестри“ (Les Neuf Sœurs)

Дела[уреди]

Наводи[уреди]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: