24 април

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Април 2024 24 април — 114-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (115-и во престапна година). Остануваат 251 денови до крајот на годината.

Настани:

1184 п.н.е.  Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854  Врховниот суд на САД донел пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театарСингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата.
1877  Царот на Русија Александар II му објавил војна на Османлиското царство, бидејќи одбило да го почитува Лондонскиот договор. Војната завршила во декември, кога британската флота ја принудила руската војска да се повлече.
1898  Шпанија ѝ објавила војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на шпанската војска од Куба.
1945  Втора светска војна: Американската војска го ослободила концентрациониот логорДахау“.
1949  Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија при што е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“.
1970  Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.

Родени:

1873  Роберт Вине — германски режисер.
1889  Љубов Попова — руска сликарка.
1904  Вилем де Кунинг — холандски сликар.
1934  Ширли Меклејн — американска глумица.
1937  Џо Хендерсон — американски џез-музичар.
1941  Ричард Холбрук Чарлс Алберт — американски дипломат.
1942  Барбара Стрејсенд — американска глумица и пејачка.
1944  Тони Висконти — американски музички продуцент.
1962  Сјуарт Пирс — англиски фудбалер.
1963  Пола Фрејзер — американска пејачка.
1966  Алесандро Костакурта — италијански фудбалер.
1967  Дино Раџа — хрватски и југословенски кошаркар.
1969  Рене Зелвегер — американска глумица и пејачка.
1972  Јуре Кошир — словенечки скијач.
1976  Хуан Мануел Гарате — шпански велосипедист.
1981  Величе Шумуликоски — македонски фудбалер.
1985  Мајк Роџерс — американски атлетичар.
1987  Реин Тарамае — естонски велосипедист.
1987  Јан Вертонген — белгиски фудбалер.
1990  Јан Весели — чешки кошаркар.
1996  Ешли Барти — австралиска тенисерка.

Починале:

1731  Даниел Дефо — англиски писател.
1905  Христо Узунов — македонски револуционер.
1986  Волис Симпсон — сопруга на абдицираниот Едвард VIII.
1989  Франц Биндер — австриски фудбалер.
1993  Митко Илиевски — еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
2014  Тадеуш Ружевич — полски писател.