Знаме на Обединетото Кралство
Знамето на Обединетото Кралство, често викано и Union Jack, е комбинација на знамиња од три конститутивни делови на земјата од 1801. Тогаш службено биле прогласени: знамето на Англија на кое се наоѓа крстот на Св. Јуриј, знамето на Шкотска со крстот на Св. Андреа и Ирското знаме на кое се наоѓа крстот на Св. Патрик (кое и самите Ирци ретко го користеле).
Првата верзија на ова знаме, без крстот на Св. Патрик, настанало по кралската наредба во 1606 по 1603 кога шкотскиот крал Јаков VI станал и крал на Англија (како Јаков I) и така ги обединил двете кралства во персонална унија. Употребата на ова знаме било веено само на бродовите, додека пак на копното се користеле знамиња на поедичните кралства. Во 1707 година во Законот за Унијата со кој било создадено Кралството Велика Британија меѓу другото било и пропишано дозвола за употреба на знамето на копно.
Во 1801 година бил донесен нов Закон за Унијата во кој се обединиле Кралството Велика Британија и Ирска во Обединето Кралство. На веќе постоечкото знаме бил додаден и крстот на Св. Патрик така што биле додадени бели диагонални кракови разделени со бела и црвена линија со бели рабови, кои, според хералдичките правила, ги одвојувале од сината.
Службено, Union Jack е првенствено кралско знаме знаме, а неговата употреба како народно знаме од традиционалнен карактер. Употребата на знамето на море била строго прописна; цивилните бродови не смееле да го користат и морале наместо кралското знаме да се користи црвено знаме со Union Jack во горниот лев агол.
[уреди] Појавување во други знамиња
Знамето на Обединетото Кралство се појавува во горниот лев агол скоро на сите знамиња на британските прекуморски територии, како и на знамињата на некои поранешни британски колонии: Австралија, Нов Зеланд, Тувалу и Фиџи, како и на американската сојузна држава Хаваи која никогаш не била под британска управа.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Знаме на Обединетото Кралство“ |
|
|||||||||||||||||