Тувалу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tuvalu
Тувалу
Знаме Грб
Гесло„Tuvalu mo te Atua“  (тувалски)
„Тувалу за Семоќниот“
ХимнаTuvalu mo te Atua  (тувалски)
Тувалу за Семоќниот

Местоположба на Тувалу
Главен градФунафути
8°31′S 179°13′E / 8.517° ЈГШ; 179.217° ИГД / -8.517; 179.217
Службен јазик тувалски, англиски
Независност
 •  од Велика Британија 1 октомври 1978 
Површина
 •  Вкупна 26 км2 (226та)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 12,373[1] (213та)
 •  Густина 475,88 жит/км2 (22ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2002 г.
 •  Вкупен $14.94 милиони (228ма)
 •  По жител $1,600 (проценка за 2002) (148ма)
Часовен појас (UTC+12)
Се вози на лево
НДД .tv
Повик. бр. 688

Тувалуполинезиска островска држава во Тихиот Океан на полпат помеѓу Хаваите и Австралија, јужно од екваторот и во близина на Кирибати.

Се состои од девет корални атоли од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на тувалски јазик значи „Осум стојат заедно“. Со исклучок на Ватикан, тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како Елисови Острови.

Поради нивната мала висина (макс. 5 метри), островите кои ја сочинуваат оваа нација се загрозени од каков било пораст на морското ниво. Населението може ќе се евакуира во текот на следните децении во Нов Зеланд, или Ниуе, мал тихоокеански остров (автономен, но поврзан со Нов Зеланд), што не е загрозен од порастот на морското ниво, но има население во опаѓање.

Ваиаку, главното село, на атолот Фунафути, се наоѓа на островот Фонгафале кој е долг 12 километри. Тувалу е член на комонвелтот. Голем дел од државниот буџет доаѓа од приходите од продажба на .tv интернет домени.

На 29 јуни 2011 г. Тувалу воспоставил дипломатски односи со Република Македонија, признавајќи ја под уставното име[2].

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името на Тувалу доаѓа од тувалскиот јазик и значи „осум заедно“ бидејќи од вкупно девет острови, осум биле населени.

Историја[уреди | уреди извор]

Човек од Нукуфетау во 1831.

Тувалците се полинезиски народ кои се населиле на островот пред околу 3000 години кога се преселувале од Тонга и Самоа. За време на пред-европската колонизација имало зачестено патување до околните острови. Осум од деветте тувалски острови биле населени.

За првпат Тувалу било населено од Европејци во 1568 со доаѓањето на Алваро де Мендања де Неира од Шпанија.

Во 1892 година островите биле дел од Британската Империја. За време на Втората светска војна островите биле избрани за стратешка позиција на Сојузниците.

Денот на независноста на Тувалу се слави на 1 октомври. Во 1979 Тувалу потпишал договор за пријателство со САД.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Плажа на Фунафути.

Тувалу се состои од четири острови и пет атоли. Таа е мала група на атоли со сиромашна необработлива почва и со вкупна копнена површина ос 26 км2 и со тоа е четврта најмала држава во светот. Фунафути е најголем атол од сите атоли.

Највисока точка во Тувалу е 4.5 метри и со тоа Тувалу е втора најниска држава, веднаш позади Малдиви. Поради ниската надморска височина, на државата им се заканува опасност од зголемување на нивото на океанот. Во случај да се случи таква катастрофа, месното население може да се евакуира во Фиџи, Нов Зеланд или Ниуе. Ова е опасно за физичкиот опстанок на земјата.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Тувалу е уставна монархија и е дел од Комонвелт на нации и Елизабета I е призната како официјална кралица на Тувалу. Таа е претставена во Тувалу од генерален гувернер кој е назначен како совет од премиерот на Тувалу. Локалниот парламент има 15 членови и се избрани за мандат од четири години. Пратениците одбираат премиер кој е претседател на Владата. Во Тувалу нема политички партии и изборите се воглавно според лични или семејни врски.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на Тувалу.

Населението на Тувалу е населено на девет острови, од кои пет се атоли. Најмалиот остров, Ниулакита бил населен во 1949. Областите во Тувалу се:

Стопанство[уреди | уреди извор]

Тувалу скоро и да нема природни ресурси и главен извор на приход е од странство. Единствените работни места кои добиваат редовна плата се тие на владата. Покрај тоа, како извор на егзистенција е и риболовот и малото земјоделство, особено на островот Фунафути.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Жена од Тувалу од 1894

Населението на Тувалу се зголемило двојно после периодот од 1980. Народот во Тувалу е воглавно од полинезиско потекло, додека околу 4% се микронезици. 97% од Тувалците се припадници на Црквата на Тувалу, главна протестантска црква во земјата. Тувалскиот јазик се зборува од скоро сите на островите и е службен јазик. Покрај него и англискиот е службен јазик но не е користен за секојдневна употреба. Парламентот и државната управа се на тувалски.

Култура во Тувалу[уреди | уреди извор]

Традиционалниот начин на живот на Тувалу сè уште е зачуван. Секое семејство има свои задачи поврзани со доброто на заедницата. Вештините на семејствата се пренесувани од татко на син.

Традиционалната храна на Тувалу е пулака, морски плодови, банани, кокосови ореви и свинско месо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tuvalu Архивирано на 1 јули 2016 г., The World Factbook, CIA. Accessed 14 април 2009.
  2. „Државата Тувалу ја призна Република Македонија под уставното име“. Министерство за надворешни работи на РМ. 30 јуни 2011. Посетено на 30 јуни 2011.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општи информации
Патување
Друго