Фунафути
| Фунафути Funafuti |
|
|---|---|
| — атол — | |
| Училиште во Фунафути | |
| Поглед кон атолот Фунафути | |
|
|
|
| Координати: | |
| Држава | |
| Површина | |
| • Вкупна | 2,4 км2 |
| Население (2002) | |
| • Вкупно | 4.492 |
Фунафути (тувалуански: Funafuti) е атол во Тувалу кој служи како главен град на државата. Фунафути е исто така еден од деветте окрузи во Тувалу. Фунафути, според пописот од 2002 година, имал население од 4,492 жители, што е најнаселен атол во земјата. Атолот е широк од 20 до 400 метри и во средината се наоѓа лагуна која има 188 километри должина, 14 километри широчина и има површина од 275 километри квадратни, што ја прави најголема лагуна во Тувалу. Вкупната површина на копното на Фунафути изнесува 2.4 km², што е помалку од еден процент од вкупната површина на земјата. На Фунафути има писта, хотел и административни згради, како и станбени објекти изградени на традицинален начин од палма или од цимент. Најистакнат објект на островот е Црквата во Тувалу.
Атолот е составен од неколку помали островчиња. Најголемо островче е Фонгафале, каде се наоѓаат четири села вклучувајќи го и Ваијаку кој е седиште на владата. На Фунафути има две основни училишта и едно средно училиште. Бидејќи Тувалу нема градови, целиот атол официјално се смета за главен град, но некогаш како главен град се смета Фонгафале или Ваијаку.
Содржина |
Села [уреди]
- Централно Фонгафале
- Факајфоу - 1007 жители
- Сенала - 589 жители
- Алапи - 1024 жители
- Вајаку - 516 жители
- Остатокот од Фонгафале
Остатокот од Фонгафале со полуостровот Тенгако на север имаат:
- Лофеагај - 399 жители
- Теоне - 540 жители
- Текаватоетое- 343 жители
- Фунафала
- Фунафала - 22 жители
- Аматуку
- Аматуку - 52 жители
Лагуна [уреди]
Лагуната или на тувалуански позната како TeNamo е најголемата лагуна во Тувалу. Таа има 24.5 километгри должина, 17 километри ширина и површина од 275 километри квадратни. Најдлабоката измерена точка е 52 метри, но има карпи кои можат да се достигнат на 6 метри длабочина.[1]
Островчиња [уреди]
Фунафути е составен од најмалку 33 островчиња. Најголем од сите е Фонгафале, кој е проследен од Фунафала. Најмалку три острови се населени, односно Фонгафале, Фунафала и Аматуку.
- Аматуку
- Авалау
- Фалаојго
- Фале Фату
- Фатато
- Фингафале
- Фуафату
- Фуагеја
- Фуалефеке
- Фуалопа
- Фунафала
- Фунаману
- Луамоту
- Матејка
- Мотугие
- Мотулоа
- Мулитефала
- Нукусавалевале
- Папа Елисе
- Пукасавиливили
- Те Афуафоу
- Те Афуалику
- Тефала
- Телеле
- Тенгако (полуостров на островот Фонгафале)
- Тенгасу
- Тепука
- Тепука Вили Вили
- Тутанга
- Васафуа
- и уште најмалку пет други
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||||||||