Кирибати
|
Kiribati / Tungaru
Република Кирибати |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: Te Mauri, Te Raoi ao Te Tabomoa Здравје, Мир и Просперитет |
||||||
| Химна: Teirake Kaini Kiribati |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Јужна Тарава 1°28′N 173°2′E / 1.467°N 173.033°E |
|||||
| Службен јазик | англиски, кирибатски | |||||
| Демоним | Кирибаќанец | |||||
| Уредување | република | |||||
| - | претседател | Аноте Тонг | ||||
| Независност | ||||||
| - | од Обединетото Кралство | 12 јули 1979 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 726 km2 (186та) 280 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 0 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за јули 2005 | 105.432 (197ма) | ||||
| - | Попис 2000 | 84.494 | ||||
| - | Густина | 137/km2 (73та) 355/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2005 | |||||
| - | Вкупен | $206 милиони (213-та) | ||||
| - | По жител | $2,358 (136та) | ||||
| ИЧР (1998) | .515 (средно) (нерангирана) | |||||
| Валута | Кирибатски долар Австралиски долар ( AUD) |
|||||
| Часовен појас | (UTC+12, +13, +14) | |||||
| НИД | .ki | |||||
| Повик. бр. | 686 | |||||
Кирибати (кирибатски: Kiribati или Tungaru) е островска држава која се наоѓа во средишниот дел од Тихиот Океан. Се состои од 33 атоли што се наоѓаат на површина од 3,500,000 km². Името Кирибати е локална верзија на неговото име пред стекнувањето независност во 1979 година, Гилбертови Острови, а додека на кирибатски јазик државата се вика „Тунгару“.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Името на Кирибати доаѓа од името на Гилбертови Острови, додека пак овие се именувани според британскиот капетан Томас Гилберт кој стигнал на островите во 1788. Моменталното име Кирибати е како прифатлива верзија на името Gilberts (Гилбертови). Населението во Кирибати на гилбертски јазик ја нарекува државата Тунгару, но сепак државата се одлучила за широко познатото име, Гилбертови Острови, односно Кирибати.
[уреди] Историја
[уреди] Рана историја
Територијата денес позната како Кирибати била населена од микронезиско население од пред 3000 години. Територијата не била изолирана, туку имало доселување на население од Тонга, Самоа и Фиџи кои ги вовеле меланезиската и полинезиската култура во оваа микронезиска држава.
[уреди] Колонијален период
Островите биле прво забележани од британските и американските бродови во 18 век и 19 век. Главниот островски синџир бил наречен Гилбертови Острови во 1820 година од страна на рускиот адмирал Адам фон Крузенштерн и францускиот капетан Луи Пипереј според името на британскиот капетан Томас Гилберт кој го поминал архипелагот во 1788 кога пловел кон Австралија од Кина.
Од раниот 19 век, западните морепловци доаѓале на овие острови и ширеле разни болести. Британските морепловци стигнале во 1837 година. Во 1892 година станале британски протекторат. Седиште на тој протекторат бил Фиџи.
Атолот Тарава и останатите острови од групата на Гилбертови острови биле окупирани од Јапонија. На Тарава се случила една од најкрвавите битки на армијата на САД.
[уреди] Независност
Гилбертовите и Елис островите се здобиле со самоуправување во 1971 година. Во 1978 година Елис Островите станале независната држава Тувалу. Гилбертовите Острови станале независна држава Кирибати на 12 јули 1979 година.
Во 2008 година Кирибати побара од Австралија да го прими населението како постојани бегалци бидејќи се очекува Кирибати да е првата земја потполно избришана од географската карта поради зголемување на морето, следна таква држава е Тувалу.
[уреди] Географија и клима
Кирибати се состои од околу 32 атоли и еден остров. Островските групи на Кирибати се:
- Банаба: остров помеѓу Науру и Гилбертовите Острови.
- Гилбертови Острови: 16 атоли.
- Феникс Острови: 8 атоли и коралски острови
- Линиски Острови: 8 атоли и еден гребен.
Островот Банаба е коралски остров кој бил богат со фосфат но минералот бил целосно испрпен од колонизаторите уште пред Кирибати да се стекне со независноста. Земјиштето на Кирибати е песокливо и карпесто и не е погодно за земјоделство. Надморската височина на Кирибати е 6.5 метри.
Два мали кирибатски острови, Тебуа Тарава и Абануеба во 1999 година потонале во морето поради покачување на морското ниво.
[уреди] Политички систем
Уставот на Кирибати овозможува слободни избори во државата. Извршната власт е составена од претседателот, заменик претседателот и кабинетот на министри. Мандатот на претседателот е со четири години. Кабинетот е составен од претседателот, заменик претседателот и десет министри кои се членови на парламентот на Кирибати.
Законодавната власт во Кирибати е во рацете на парламентот или Maneaba Ni Maungatabu . Тој е составен од избрани членови со мандат од четири години.
Формално гледано, Кирибати има политички партии но тие не се организирани според стандардните правила. Се собираат само при потреба. Моментално во Кирибати работаат следните партии: Партија Boutokaan te Koaua, Партија Maneaban te Mauri , Партија Maurin Kiribati и Партија Tabomoa.
[уреди] Административна поделба
Сè до независноста, Кирибати бил поделен на области, но со стекнувањето на независноста територијалната административна поделба се променила. Денес, Кирибати е поделен на три островски групи кои немаат административна функција. Секоја група има свој совет.
Поранешните области на Кирибати биле:
- Банаба
- Централни Гилбертови Острови
- Линиски Острови
- Северни Гилбертови Острови
- Јужни Гилбертови Острови
- Тарава
Денешните островски групи се:
- Гилбертови Острови
- Феникс Острови, денес е најголемиот заштитен морски резерват.[1][2]
- Линиски Острови
[уреди] Економија
Кирибати има мали залихи на природни ресурси. Фосфатот бил исцрпет уште пред Кирибати да стане независна држава. Денес главни производи на Кирибати се копрата и рибата. Туризмот претставува еден процент од БНП на Кирибати.
Во 1956 година Кирибати основале фонд во кој ќе се заштедувале пари од трговијата со фосфат, па така државата во 2008 година имала 400 милиони долари.
[уреди] Население, јазик и религија
Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.
Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е официјален јазик на Кирибати, тој не се користи многу.
Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.
[уреди] Култура во Кирибати
[уреди] Образование
Основното образование во Кирибати е бесплатно за девет години. Високото образование е во развој, но има понуда на технички факултети, педагошки и филолошки факултети или понуда за студирање во странство.
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.reuters.com/article/latestCrisis/idUSSP231103 Reuters
- ↑ Russell, Christine (2 2009). „First Wave“. „Science News“ 175 (5): 25-29.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Кирибати на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Општи информации
- Запис за Кирибати во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Кирибати на UCB
- Кирибати - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Феникс Острови
- Изгубен рај?
|
|||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
