Ниутао
| Ниутао Niutao |
|
|---|---|
| — Остров — | |
| Сателитска снимка на островот. | |
|
|
|
| Координати: 06°06′30″S 177°20′29″E / 6.10833°S 177.34139°EКоординати: 06°06′30″S 177°20′29″E / 6.10833°S 177.34139°E | |
| Држава | Тувалу |
| Население (2002) | |
| - Вкупно | 663 |
Ниутао е остров во Тувалу и еден од окрузите во земјата. Ниутао според пописот од 2002 година имал население од 663 жители и главно село е Кулија.
Содржина |
[уреди] Географија
На островот има две мали езерца или бари. Поголемото езерце има три островчиња во него. На островот има две села, Кулија и Теава, а главно село е Кулија. Исто така, на Ниутао има училиште, манеапа, црква, пошта, три бунара, гробишта и болница. Околу островот има корален гребен кој го отежнува сообраќајот и трговијата.
[уреди] Население
Њутон (1967)[1] проценил во 19 век дека Ниутао има население од 450 жители. Покрај тоа, за островот се дале и следните проценки:
| Муреј 1866 | Витми 1870 | Морзби 1872 | Гил 1872 | Попис 1963 |
|---|---|---|---|---|
| 700 | 360 | 417 | 417 | 797 |
| Неројатна надпроценка | 100 на други острови | |||
| мисионер | мисионер | Капетан Морзби | мисионер |
Во 1949 островот бил пренаселен и дел од луѓето се преселиле на ненаселениот Ниулакита. Според пописот од 2002 година, на островот функционирале следните села: Кулија со 224 жители и Теава со 439 жители.
[уреди] Транспорт
На островот има мрежа на асфалтирани и неасфалтирани патишта. На островот нема железничка или аеродром.
[уреди] Значајни личности
- Тому Сионе, поранешен генерален гувернер на Тувалу и претседател на Собранието.
- Тавау Теи, премиер на Тувалу и Министер за природни ресурси.
[уреди] Наводи
- ↑ W.F. Newton, The Early Population of the Ellice Islands, 76(2) (1967) The Journal of the Polynesian Society, 197-204.
