Банана

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Банана растението е од семејството Musaceae. Тие се одгледуваат првобитно за нивните плодови, и во помала мерка за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло. За некои видови ова квазистебло може да достигне висина до 2-8 метри, со листови во должина до 3,5 метри. Секое стебло може да произведе еден куп зелени банани кои кога зрели се претвораат во жолти или понекогаш и црвени. Една сорта неодамна беше откриена во дождовните шуми во Азија, што се претворила во пурпурна. Ова стебло потоа умира и се заменува со друго.

Овошјето расте во гроздови кои висат со до 20 овошја на редица. Има помеѓу 3-20 редици по грозд. Вкупниот износ може да тежи 30-50 килограми. Овошјето тежи во просек 125 g, од кои околу 75% се вода и 25% сува материја. Секое поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен дел. Двата дела, кожата и внатрешниот дел, може да се јадат сурово или зготвени. Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата, додека некои азиски култури генерално ја јадат и кожата. Бананите се вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум.

Бананите се одгледуваат во најмалку 107 земји. Бананите исто така може да се сечат па да се сушат и потоа да се јадат како чипс. Сушени банани, исто така, можат да бидат мелени во брашно.

Бананите се класифицирани како десерт банани (значи тие се жолти и целосно зрели кога се јадат) или како зелени банани, за готвење. Скоро сите банани за извоз се од десерт видовите со САД и Европската унија меѓу најголемите увезувачи.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици