Американска граѓанска војна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
||||||||||||||||||||
Американската граѓанска војна е внатрешен воен немир во САД во периодот од 1861 до 1865 година. Војната се водела помеѓу две завојувани странки: „Унијата“ (САД), попозната како север, и Конфедеративните членки на Америка, попозната како југ. Со југот владеел Џеферсон Дeјвис, а негов помошник бил Роберт Ли, а со северот Абрахам Линколн. Северот владеел со слободните територии и во северот се залагале да не постои расна дискриминација и да се укине ропството на југот.
Во земјите од северот било развиено индустриското производство, особено производството на челик. Во северот малубројното црно население било еднакво третирано како и белото население.
За разлика од северот, во земјите на југот поразвиено било земјоделското производство, а на плантажите работело исклучиво црното население коешто било третирано како добиток и сопственост на стопанот.
Абрахам Линколн, којшто бил од Републиканаската партрија на САД победил на изборите во 1860 година со што станал претседател на САД, но тоа предизвикало огромен гнев кај државите од југот, а со доделувањето на Канзас и Небраска на северот и договорот за укинување на ропството во уште седум сојузни држави тоа било отфрлено, а денот 12 април 1861 година се смета за почеток на граѓанската војна во САД.
Уште во 1861 година е спроведен планот Анаконда, а познати се и офанзивите под имињата Источен театар и Западен театар. За крај на војната се смета 9 април 1865, а војната завршила со победа на северот и со дефинитивно укинување на ропството. Во војната загинале околу 620.000 луѓе, а околу 415.000 биле повредени.
Најпознати битки во раѓанската војна биле Битката кај Гетизбург Битката кај Фредериксбург Битката за Антиетам (најкрвавата битка во американската историја) Опсадата на Атланта и други.
[уреди] Надворешни врски
- Eicher, David J., The Longest Night: A Military History of the Civil War, (2001), ISBN 978-0-684-84944-7.
- Woodworth, Steven E. ed. American Civil War: A Handbook of Literature and Research (1996) (ISBN 978-0-313-29019-0), 750 pages of historiography and bibliography online edition