Републиканска партија (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на Републиканската партија.

Републиканската партија (англиски: Republican Party) е една од двете најголеми политички партии во САД (другата е Демократската партија). Основана во 1854 од активисти за укинување на ропството и за осовременување на САД. Често ја нарекуваат Големата Стара Партија (Great Old Party или скратено GOP) и покрај тоа што е помладата од двете најголеми партии. Првпат дошла на власт во 1860 година со изборот на Абрахам Линколн и ги водела САД во Граѓанската војна во САД и обновата. Денес, нејзините членови поддржуваат конзервативна платформа (според американски стандарди).

Републиканската партија има 55 милиони членови во 2004., што претставува околу една третина од изборното тело на САД.[1]


Соединети Американски Држави
Great Seal of the United States (obverse).svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Соединетите Американски Држави



Други земји · Атлас
 Портал „Управување со САД“

Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш е припадник на Пепубликанската партија и претставува 19. републиканец избран на таа функција. Републиканците во моментов (јануари 2012) имаат мнозинство во претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Кандидат за претседател на изборите во 2008 година од оваа партија беше Џон Меккејн, сенатор од Аризона. Негов потпретседателски кандидат беше Сара Пејлин, гувернер на Аљаска.

Наводи[уреди]