Волофски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот „Волоф“ видете ја страницата за појаснување.
Волофски јазик
Застапен во Сенегал, Гамбија, Мавританија
Народ Волоф, Лебу
Говорници 4.2 милионо  (2006)
Јазично семејство
Писмо волофска азбука)
Статус
Регулативен орган Центар за применета лингвистика во Дакар
Јазични кодови
ISO 639-1 wo
ISO 639-2 wol
ISO 639-3 или:
wol — волофски
wof — гамбиско-волофски

Волоф или волофски е нигер-конгоански јазик кој се зборува воглавно во Сенегал, Гамбија и Мавританија. Овој јазик е мајчин јазик на народот Волоф. Тој е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, заедно со фуланскиот и серерскиот јазик. Овој јазик не е тонски.

Волофскиот потекнувал како јазик на народот Лебу.[1][2] Овој е најзборуван јазик во Сенегал, поточно од околу 40% од населението.

Географска распространетост[уреди]

Волоф се зборува од над 10 милиони луѓе. Околу 40% (или 5 милони) од населението на Сенегал се Волоф и зборуваат волофски. Јазикот се користи за меѓусебна комуникација меѓу различните народи во Сенегал, а особено во и околу градот Дакар. Јазикот не е официјален во Сенегал, бидејќи во државата официјален е само францускиот.

Во Гамбија околу 3% од населението зборува волоф. Сепак, бројот на зборувачи на волоф во главнипт град Банџул е поголем, и таму 25% од населението зборува на волоф. Сепак, официјален јазик во државата е англискиот, а околу 40% од населението зборуваат мандинка.

Околу 7% од населението на Мавританија зборуваат волофски, или 185.000 жители. Овој јазик се користи во јужниот крајбрежен регион.

Класификација[уреди]

Волоф е еден од сенегамбиските јазици, кои се познати по мутација на согласки. Често се вели дека јазикот е тесно сврзан со фуланскиот, но ова било како погрешно читање на податоците од Сапир (1971) од страна на Вилсон (1989). Сепак, според Седерер (2009, 2010) јазикот не е сличен со фуланскиот, туку тој наоѓа неколку помали јазици посродни со волофскиот, и тие јазици се зборуваат на реката Касаманс.[3]

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Волофска азбука.
Волофски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Doomi aadama yépp danuy juddu, yam ci tawfeex ci sag ak sañ-sañ. Nekk na it ku xam dëgg te ànd na ak xelam, te war naa jëflante ak nawleen, te teg ko ci wàllu mbokk.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Најчесто јазикот се пишува на латиница. Латиницата била стандардизирана со владин акто во периодот од 1971 до 1985 година. Правописот е фонетски и еден глас одговара на една буква. Јазикот се пишувал и на арапско писмо, особено до колонизацијата. Денес некои луѓе сè уште користат арабица. Латиничната азбука е:

A a B b C c D d E e Ë ë F f G g I i J j K k L l M m N n Ñ ñ Ŋ ŋ O o P p Q q R r S s T t U u W w X x Y y

Наводи[уреди]

  1. Falola, Toyin; Salm, Steven J. Urbanization and African cultures. Carolina Academic Press, 2005. ISBN 0-89089-558-9. p 280
  2. Ngom, Fallou. Wolof. Lincom, 2003. ISBN 3-89586-845-0. p 2
  3. Such as Kobiana and Banyum. Guillaume Segerer & Florian Lionnet 2010. "'Isolates' in 'Atlantic'". Language Isolates in Africa workshop, Lyon, Dec. 4

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]