Клима
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Клима, која уште се среќава и под името поднебје е повеќегодишен режим на времето над некое место или на делови на Земјината површина. До нејзиното определување се доаѓа врз основа на долгогодишни набљудувања и проучувања на метеоролошките елементи и појави.
Содржина |
Климатски фактори [уреди]
Образувањето на климата над некое место зависи од бројни и разновидни фактори, кои со заедничко име се нарекуваат климатски фактори. Меѓу нив најголемо значење имаат сончевата радијација и циркулацијата или смената на воздушните маси. Но, климата многу зависи и од физичко - географските фактори и услови на одредено место или територија:
- Географската ширина е еден од најважните климатски фактори. Нејзиното влијание е големо врз температурата и влажноста на воздухот. Тоа се должи на различното количество на сончева топлина што ја примаат пределите со различна географска ширина. Најмногу топлина примаат местата во екваторскиот појас, а најмалку во поларните области. Значи, со порастот на географската ширина, температурата на воздухот по правило опаѓа, а со тоа климата станува поладна.
- Копнените и морските површини имаат различно влијание на климата. Во летната половина од годината, морињата и океаните акумулираат многу повеќе топлина отколку копното. Затоа преку зимата, воздухот над морските површини е потопол, а над копнените постуден. Овие карактеристики се одразуваат и над климата. Во оние предели каде преовладуваат океанските воздушни маси, летото е посвежо, а зимата потопла, а во пределите под влијание на континентални воздушни маси е обратно. Освена тоа, областите кои се поблиску до море примаат поголеми количества на врнежи.
- Морските струи највеќе влијаат врз температурата на воздухот. Ладните морски струи ги разладуваат крајбрежните области, а топлите ги загреваат.
- Релјефот влијае на климата преку надморската височина, со правецот на протегање на планинските вериги и широките речни долини, со разместеноста на превоите, отвореноста на низините и со котлинскиот релјеф.
- Растителниот свет, а особено шумите, имаат доста големо влијание врз климата. Оголеното земјиште во текот на денот побрзо се загрева и побрзо се лади отколку земјиштето што е покриено со вегетација. Затоа растенијата влијаат на смалувањето на дневното и годишното колебање на температурата. Шумите влијаат врз зголемување на испарувањето и на влажноста на воздухот, како и на правецот и брзината на ветровите. Во шумските предели паѓаат поголеми количества врнежи.
- Човекот влијае на климата со своите активности: непланското сечење на шумите, загадувањето на воздухот итн.
Видови на клима [уреди]
Климатските зони се поголеми области на Земјата кои имаат еднакви услови, различни од оние во соседните области. За да се класифицираат климите се земаат предвид најразлични фактори, а воглавно температурата (според која постојат топли, умерени, студени и поларни клими) и количеството на врнежите (според кое постојат суви или влажни клими). Но, во овие основни групи се прават додатни подкласификации.
Екваторијална дождлива клима [уреди]
Оваа клима создава појас од двете страни на екваторот, меѓу 10° северна географска широчина и 5° јужна географска широчина. Се одликува со речиси иста должина на денот во текот на целата година, така што не може да се разликуваат годишни времиња. Средната температура изнесува 25 °C, иако може да има и разлики од 15 степени меѓу денот и ноќта. Воздухот има висока содржина на влага поради постојаните и обилни дождови кои врнат во текот на целата година, со просек од околу 2000 mm. Типична вегетација е дождовната шума, како онаа во Амазонија и Екваторијална Африка.
Тропска клима [уреди]
Создава два појаси, од двете страни на екваторот, меѓу 10 и 20° С.Г.Ш. и 5 и 10° Ј.Г.Ш. Кај деновите има мали варијации во текот на годината, а и обилноста на дождовите се намалува како што се оди подалеку од екваторот, додека просечната температура е околу 23 °C. Сето ова придонесува да има едно суво и друго повлажно годишно време. Вегетацијата е како во саваните, со повеќе или помалку дрвја.
Полусува клима [уреди]
Овој вид на клима постои како во умерените, така и во тропските области и во зоните каде има малку дождови (околу 200 mm годишно). Температурите можат да бидат ниски или високи, но секогаш има големи дневни осцилации (топли денови и студени ноќи) и годишни, во случај на ниските. Вегетацијата во овие области е тревна или грмушеста.
Пустинска клима [уреди]
Пустинскиот климатски тип се протега околу повратниците.За него се карактеристични малите врнежи на дожд сопросек околу 200 mm годишно. Дење температурата досигнува до 70 °С, а ноќе до -0 °С.Поради тоа пустините се суви места со мала вегетација. Исто така, пустините се сиромашни со флора и фауна бидејки има многу мало колиличество на врнежи. Сепак, тука се среќаваат ретки растенија со иглести лисја како што е кактусот.
Медитеранска клима [уреди]
Оваа клима е типична за областите околу Средоземното Море, но е застапена и на крајниот југ на Африка, во централно Чиле и во Калифорнија. Се одликува со тоа што дождовите најмногу врнат во есен и зима, а пролетта, и особено летото се многу сушни. Врнежите изнесуваат меѓу 400 и 700 mm годишно, зимите се топли, а летата жешки. Карактеристична вегетација се грмушките и дрвја со секогаш зелени лисја. Постојат варијации на овој вид на клима, па така таа е посвежа и повлажна на северниот брег на Медитеранот, отколку на јужниот, кој е подложен на директно влијание на Сахара. Подалеку од брегот, оваа клима добива континентални обележја и станува постудена.
Пампаска клима [уреди]
Слична е на медитеранската, но со малку повисоки средни температури и помала разлика меѓу одделните годишни времиња. Врнежите се присутни низ целата година, но со помал интензитет во текот на летото, а просечните вредности им осцилираат меѓу 600 и 800 mm годишно. Оваа клима се јавува само во јужната хемисфера и нејзиното име потекнува од најкарактеристичното место во Аргентина - Пампас, иако ја има и во некои делови на Австралија и на југот на Африка. Вегетацијата е треви, а дрвјата се ретки.
Океанска клима [уреди]
Основна одлика на оваа клима е големото влијание што го имаат западните ветрови врз областите кај кои се јавува. Топлинските ]]