Западна Папуа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Западна Папуа
Papua Barat
—  Покраина  —

Знаме

Амблем
Гесло: Cintaku Negeriku (индонезиски)
(Мојата љубов, мојата земја)
Местоположбата на Западна Папуа
Координати: (Маноквари) 0°52′ ЈГШ 134°05′ ИГД / 
Земја Индонезија
Админ. центар Маноквари
Управа
 • Управник Абрахам Октавијанус Атурури
Површина
 • Вкупна 140.375,62 км2
Население (2010)
 • Вкупно 760.855 жит.
Демографија
 • Народности Меланезијци, Папуанци
 • Религија протестантство (53,77%), ислам (38,4%), католицизам (7,03%), хиндуизам (0,11%), будизам (0,08%)
 • Јазици индонезиски (службен)
Час. појас EIT (UTC+09)
Портал papuabaratprov.go.id

Западна Папуа (индонезиски: Papua Barat) е покраина во Индонезија што го опфаќа западниот полуостров на островот Нова Гвинеја. Ова е најмалку населената покраина во земјата и една од двете сместени во индонезиска Нова Гвинеја (заедно со покраината Папуа на исток). Пред 2007 г, покраината се нарекувала Западна Иријан Џаја (индонезиски: Irian Jaya Barat). Регионот ги опфаќа полуостровите Добреај и Бомберај, како и околните острови во состав на Раџа Ампат. Според пописот од 2010, покраината има 760.855 жители.[1]

Намесништва[уреди]

Административен центар на покраината е Маноквари. Покраината административно е поделена на 10 намесништва (kabupaten) и еден автономен град (kota). Податоците за населението се однесуваат на 2010 година.

Назив Површина (км2) Население
(2005)
Население
(2010)
Админ. центар
Јужен Соронг 16.807,00 54.270 37.579 Теминабуан
Кајмана 18.500,00 36.714 46.243 Кајмана
Мајбрат 13.203,00 33.735 Кумуркек
Маноквари 14.448,50 151.824 187.591 Маноквари
Раџа Ампат 6.084,50 35.948 42,471 Вајсај
Соронг (град) 1.105,00 146.390 190.341 Соронг
Соронг 19.736,25 86.870 70.635 Ајамс
Тамбраув[2] 5.587,75 6.393 Феф
Телук Бинтуни 18.637,00 46.784 52.403 Бинтуни
Телук Вондама 12.146,62 26.311 Расиеј
Факфак 14.320,00 58.160 67.153 Факфак

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]