Покраини во Индонезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на покраините во Индонезија

Покраините (индонезиски: provinsi или propinsi) се највисоката локална административна поделба на Индонезија. Секоја покраина има своја локална влада, водена од гувернер и има сопствено правно тело. Гувернерот и членовите на локалните управи се избираат на секои четири години. Индонезија е составена од 33 покраини, од кои дури седум се создададени во 2000 година и 5 покраини кои добиле специјален статус.

Покраини официјално се групирани во 7 географски единици.[1]

Список[уреди]

Индонезија
National emblem of Indonesia Garuda Pancasila.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Индонезија



Влада





други земји
 Портал „Политика“
Покраини на Индонезија[2]
Грб Покраина ISO Главен град Население Површина (км²) Белешки Геогр. единица
Бали ID-BA Денпасар 3.150.000 5.633 Мали Сундски Острови
Банка-Белитунг ID-BB Панкал Пинанг 1.300.000 18.725 Суматра
Бантен ID-BT Серанг 9.083.114 9.161 Јава
Бенкулу ID-BE Бенкулу 1.564.000 21.168 Суматра
Централна Јава ID-JT Семаранг 31.820.000 32.548 Јава
Централен Калимантан ID-KT Паланкараја 1.912.747 153.564 Калимантан
Централен Сулавеси ID-ST Палу 1.820.000 68.089 Сулавеси
Источна Јава ID-JI Сурабаја 34.766.000 47.922 Јава
Источен Калимантан ID-KI Самаринда 2.750.369 245.238 Калимантан
Источни Мали Сундски Острови ID-NT Купанг 4.260.294 47.876 Мали Сундски Острови
Горонтало ID-GO Горонтало 830.200 12.215 Сулавеси
Џакарта ID-JK Џакарта 8.389.443 750 државен гл. град
по непоср. управа
Јава
Џамби ID-JA Џамби 2.742.196 53.436 Суматра
Лампунг ID-LA Бандар Лампунг 6.731.000 35.376 Суматра
Малуку ID-MA Амбон 1.266.000 46.975 Молучки Острови
Ачех ID-AC Банда Ачех 3.930.000 57.366 специјален регион Суматра
Северно Малуку ID-MU Тернате 890.000 30.895 Молучки Острови
Северен Сулавеси ID-SA Манадо 2.154.234 15.364 Сулавеси
Северна Суматра ID-SU Медан 11.642.000 71.680 Суматра
Папуа ID-PA Џајапура 1.994.531 421.981 специјален регион Западна Нова Гвинеја
Риау ID-RI Пеканбару 4.948.000 82.232 Суматра
Острови Риау ID-KR Танџумнг Пинанг 1.198.526 21.992 Суматра
Југоисточни Сулавеси ID-SG Кендари 1.771.951 38.140 Сулавеси
Јужен Калимантан ID-KS Банџармасин 3.054.129 36.985 Калимантан
Јужен Сулавеси ID-SN Макасар 7.497.701 72.781 Сулавеси
Јужна Суматра ID-SS Палембанг 6.900.000 53.436 Суматра
Западна Јава ID-JB Бандунг 35.724.000 34.817 Јава
Западен Калимантан ID-KB Понтианак 4.073.304 146.807 Калимантан
Западни Мали Сундски Острови ID-NB Матарам 4.015.102 19.709 Мали Сундски Острови
Западна Папуа ID-IJ Маноквари 800.000 115.364 специјален регион Западна Нова Гвинеја
Западни Сулавеси ID-SR Мамуџу 938.254 16.796 Сулавеси
Западна Суматра ID-SB Паданг 4.241.000 42.297 Суматра
Јогјакарта ID-YO Јогјакарта 3.121.000 3.186 специјален регион (султанат) Јава

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ISO 3166-2:ID
  2. Наводи и подробности ќе најдете во поединечните статии.