Сулавеси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сулавеси
Изворно име: Sulawesi
Географија
Местоположба Југоисточна Азија
Координати 2° ЈГШ 121° ИГД / 
Архипелаг Големи Сундски Острови
Површина 174.600 км2
Ранг по површина 11-ти
Макс. надм. височ. 3.478 м
Највисока точка Рантемарио
Земја
Индонезија
Најголем град Макасар
Демографија
Население 17,4 млн (2010)
Густина 92 /км2
Карта на областите и националните паркови на Сулавеси

Сулавеси (индонезиски: Sulawesi), порано Целебес (португалски: Celebes) — остров во Индонезија, еден од четирите Големи Сундски Острови и 11-ти по големина во светот. Сместен е помеѓу Борнео и Молучките Острови. Во Индонезија поголеми острови се само Суматра, Борнео и Папуа, а понаселени е само Јава и Суматра. Населението брои 17.359.416 жители (2010). Најголем град е Макасар.

На островот има четири краци (полуострови): Минахаса (север), Источен, Јужен и Југоисточен. Тие се одделени со три заливи: Томини (помеѓу Минахаса и Источниот Полуостров), Толо (помеѓу Источниот и Југоисточниот Полуостров) и Бонскиот Залив помеѓу Јужниот и Југоисточниот Полуостров. По западната страна се протега Макасарскиот Проток, кој го дели островот од Борнео.

Етимологија[уреди]

Името „Сулавеси“ доаѓа од зборовите sula („остров“) и besi („железо“), што веројатно се однесува на богатите наоѓалишта на железо крај езерото Матано, чија руда се извезувала во минатото.[1]

Географија[уреди]

Сулавеси е 11-ти остров по големина во светот, со површина од 174.600 км². Соседни подрачја се островот Борнео на запад и Филипините на север, Малуку на исток и Флорес и Тимор на југ. Има карактеристичен облик со четири големи краци: Минахаса, Источен Полуостров, Југоисточен Полуостров. Средишниот дел на островот има стрмни планини што во минатото ги изолирале полуостровите еден од друг. Помеѓу краците има три заливи: Томини, Толо и Боне.

Помали острови[уреди]

Селајарските Острови сочинуваат своевиден полуостров што се протега на југ од Југозападен Сулавеси во Флореското Море. Групите Сангихе и Талауд се протегаат на север од североисточниот крај, додека пак островот Бутон се издава на североисток. Тогијанските Острови се наоѓаат во заливот Томини, а островот Пеленг и групата Бангај образуваат погуста островска целина помеѓу Сулавеси и Малуку. Сите овие острови административно му припаѓаат на Сулавеси.

Административна поделба[уреди]

Островот е административно поделен на шест покраини: Горонтало, Западен Сулавеси, Јужен Сулавеси, Централен Сулавеси, Југоисточен Сулавеси и Северен Сулавеси. Најнова покрана е Западен Сулавеси (2004), создадена со одвојување на дел од Јужен Сулавеси. Најголеми градови на островот се Макасар, Мандо, Палу, Кендари и Горонтало.

Народности[уреди]

Автохтони народи на Сулавеси се Макасарците, Бугиси, Мандари, Минахаси, Горонталци, Тораџи, Бутонци, Баџо и Монгондо.

Природа[уреди]

На островот има осум национални паркa, повеќе природни резервати и 4 заштитени морски подрачја. Многу од парковите се во опасност поради бесправна сеча, рударство и обесшумување за обработливо земјиште.[2]

Најголема копнена површина имат националните паркови Богани Нани Вартабоне (2.871 км²) и Лоре Линду (2.290 км²). Националниот парк Бунакен има богат корален екосистем и е предложен за светско наследство на УНЕСКО.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Watuseke, F. S. 1974. On the name Celebes. Sixth International Conference on Asian History, International Association of Historians of Asia, Yogyakarta, 26-30 август. необјавено.
  2. Прифил на Сулавеси — Mongabay (англиски)