Макасарски Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Макасарски Проток се наоѓа во Индонезија
Местоположба на Макасарскиот Проток во Индонезија

Макасарскиот Проток (индонезиски: Selat Makassra) е проток помеѓу островите Борнео и Сулавеси во Индонезија. Ги спојува Целебеското Море на север и Јаванското Море на југ.

Во протокот се влева реката Махакам на Борнео.

Долж протокот се сместени пристанишните градови Баликпапан (Борнео) и Макасар и Палу (Сулавеси). По течението на реката Махам е се наоѓа и градот Самаринда, 48 км спротиводно од протокот.

Протокот е мошне прометен поморски пат за бродовите кои се преголеми за да одат низ Малачкиот Проток.

Граници[уреди]

Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Макасарскиот Проток е една од водите на Источноиндискиот (Индонезиски) Архипелаг, и ги има следниве граници:[1]

Преминот помеѓу источниот брег на Борнео и западниот брег на Целебес [Сулавеси] граничи со:

на север. Линија од Танџонг Мангакалихат, Борнео (1°02′ СГШ 118°57′ ИГД /  ) и Стромен Кап, Целебес (1°20′ СГШ 120°52′ ИГД /  ).

на југ. Линија од југозападниот крај на Целебес (5°37′ ЈГШ 119°27′ ИГД /  ), преку јужниот крај на Тана Кеке, до јужниот крај на Лаут, (4°06′ ЈГШ 116°06′ ИГД /  ) а оттаму по западниот брег на тој остров до Танџонг Киви, а оттаму напреку до Танџонг Петанг, Борнео (3°37′ ЈГШ 115°57′ ИГД /  ) на јужниот крај на Лаутскиот Проток.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. конс. 7 февруари 2010.  (англиски)