Росово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Росовото Море под југот на Антарктикот

Росовото Море (англ. Ross Sea) е дел од Антарктикот и зафаќа површина од околу 500.000 км². Морето се наоѓа помеѓу Земјата на Мери Берд на исток и Викториината Земја на запад. Јужниот дел на морето го завзема Росовиот Ледник, извор на многу ледници. На западниот дел на морето се наоѓа Росовиот Остров. На исток се наоѓа Рузвелтовото море во Заливот на Китовите. Во морето се наоѓаат следните острови Блек, Карн, Кулман и Вајт. Најјужниот дел на морето е Гулдовиот Брег кој се наоѓа на 300 километри од јужниот пол. Росовото море го открил истражувачот Џејмс Рос во 1841. Во 1911 Роалд Амундсен ја почнал својата експедиција кон јужниот пол од залиовот на Китовите.

Поврзано[уреди]