Тасманово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Тасмановото Море
Сатилетска фотографија на Тасмановото Море

Тасманово Море (англ. Tasman Sea) е голема водна површина помеѓу Австралија и Нов Зеланд со пречник од околу 2000 километри. Ова море е југозападен сегмент на Јужниот Пацифик. Именувано е по холандскиот истражувач Абел Тасман, првиот европеец кој ги открил Нов Зеланд и Тасманија. Британскиот исражувач Џејмс Кук подоцна, во 1770-тите детално го истражувал Тасмановото Море како дел од неговото прво патешествие.

Според Меѓународната хидрографска организација, во Тасмановото море спаѓаат водите источно од австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија. Северната држава Квинсленд се граничи со Коралното Море, а границата помеѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд исто така е и граница помеѓу двете мориња.

Тасмановото Море има разни островски групи во неговата средина, сосема раздалечени од австралиските или новозеландските крајбрежни острови:

Сите овие острови ѝ припаѓаат на Австралија.

Поврзано[уреди]