Корално Море

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мапа на Коралното Море

Коралното Море е големо море што се протега од североисточна Австралија, околу 1,300 км источно кон островскиот синџир Вануату (порано Нови Хебриди). Основен релјефен облик е Големиот Корален Гребен, најголем корален гребен во светот, кој се протега 2,010 км по должината на брегот на Квинсленд. Меѓутоа, овој гребен зафаќа мала површина од целото Корално Море. Источно од него, а северно од 20 степени географска ширина, се наоѓаат голем број одделни гребени и островчиња, познати под заедничкото име Островска Територија на Коралното Море, која се издига на површината од познатото Корално Плато. Североисточно од Коралното Плато се наоѓа голем и длабок корален басен, а понатаму на исток кон Вануату има други длабоки басени. Рабовите на тектонските плочи се наоѓаат на северните и источните рабови на морето, каде Индиската и Австралиската Плоча се подвлекуваат под соседните плочи. Овие рабови се обележани со длабоки вдлабнатини, пред е се со Вануату Ровот. Главна струја во Коралното Море е Јужната екваторијална струја која тече од исток. Додека се приближува кон Квинсленд, таа се дели на два разграноци, еден кој оди низ источниот брег на Австралија како Источноавстралијанска струја, а втората се движи кон север, кон Папуа Нова Гвинеја, а потоа се враќа кон исток преку северниот дел на Коралното Море. Ова море има суптропска клима и е подложно на тајфуни, особено од јануари до април.