Алјаски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Алјаскиот Залив

Алјаскот Залив (англ. Gulf of Alaska) е водна површина во вид на триаголник, чиј врв на Островот на Принцот од Велс во близина на пристаништето Валдез е најсеверното пристаниште во Северна Америка кое не е заробено од мраз. Две страни од триаголникот се протегаат оттаму се до 'ртот Спенсер (во близина на Глечерскиот Залив) на југоисток и островот Кодијак и полуостровот Алјаска на југозапад. Топлата струја на Алјаска се движи низ заливот по должината на југоисточниот брег на Алјаска, а неговото продолжение, Алјасканскиот тек, тече покрај полуостровот Алјаска кон средината на Северниот Тихи Океан. Јужниот дел на заливот се наоѓа над длабок амбис (длабочинска рамнина), а на југозапад се протега до источниот дел на Алеутскиот Ров, на југоисток до островот Кодијак. По должината на брегот на Алјаскиот Залив има неколку длабоки фјордови и ракави. Од многуте големи глечери, на пр. глечерот Хабард, се одвојуваат ледени брегови и од овие ракави полека пливаат кон морето.

Граници[уреди]

Според Меѓународната хидрографска организација, Алјаскиот Залив ги има следниве граници:[1]

На север. Брегот на Алјаска.

На југ. Линија од 'ртот Спенсер, северниот крај на [крајбержните води на Југоисточна Алјаска и Британска Колумбија] до 'ртот Кебач, југоисточната граница на [Беринговото Море], така што сите соседни острови се вклучени во Алјаскиот Залив.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. конс. 7 февруари 2010.  (англиски)