Амундсеново Море

Од Википедија — слободната енциклопедија

Амундсеново Море — ракав на Јужниот Океан во близина на Земјата на Мери Берд во западниот дел на Антарктикот, лежи помеѓу Кејп Флаинг Фиш (северозападниот врв на островот Тарстон) на исток и Кејп Дарт на островот Сипел на запад. Кејп Флаинг Фиш ја означува границата помеѓу Амундсеновото Море и Белингсхаузеновото Море. Западно од Кејп Дарт нема именувано рабно море на Јужниот Океан, помеѓу морињата Амундсен и Рос. Норвешката експедиција од 1928-1929 година, под водство на капетанот Нилс Ларсен, ја именувала водената маса според норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен, додека ја истражувал оваа област во февруари 1929 година.

Морето е главно покриено со мраз, а Твеитис Ајс Тонг влегува во него. Ледениот гребен што се празни во Амундсеновото море во просек има дебелина околу 3 км (1,9 милји); приближно со големината на државата Тексас, оваа област е позната како Заливот во Амундсеновото Море (ЗАМ); таа го формира едното од трите главни одводнувања на мраз во Западниот Леден Гребен.

Површината на Амундсеновото Море на Антарктикот
Антарктички леден брег, Амундсеновото Море

Заливот на Амундсеновото Море[уреди | уреди извор]

Големиот леден брег Б-22 кој се раздвоил од ледникот Твеит и остатоци од ледениот брег Б-21 од ледникот Пајн Ајланд на десниот дел на сликата

Ледениот гребен кој се празни во Амундсеновото море во просек има дебелина околу 3 км (1,9 милји); приближно со големината на државата Тексас, оваа област е позната како Заливот во Амундсеновото Море; таа го формира едното од трите главни одводнувања на мраз во Западниот Леден Гребен, другите се Залив на Росово море и Залив на Веделово море. Во Март 2007 година, научниците кои го проучувале ЗАМ, преку сателитски и воздушни истражувања, објавиле значително истенчување на ЗАМ, поради промените во шемите на ветровите кои дозволуваат потоплите води да течат под ледените плочи.

Некои научници предложиле дека овој регион може да биде „слаба точка“ во Западниот Леден Гребен. Островот Пајн и Твеитис ледениците, кои течат во Амундсеновото море, се двата од најголемите пет во Антарктикот. Научниците откриле дека протокот на овие ледници се зголемил во последниве години, ако тие целосно се стопат глобално ниво на морето ќе се зголеми за околу 0,9-1,9 метри (1-2 јарда). Научниците укажале дека загубата на овие ледници ќе ја дестабилизира целиот Западен Леден Гребен и можеби дел од Источниот.

Една студија од Октомври 2004 година укажала, дека поради тоа што мразот во Амундсеновото море брзо се топи и се распарчува со пукнатини, крајбрежниот леден гребен би требало да пропадне „во рок од пет години“. Студијата проектирала дека, ако се стопи целиот морски мраз од Амундсеновото море, нивото на морето од Западниот Леден Гребен ќе се зголеми за 1,3 м (4,3 стапки).

Мерењата направени од Британското Антарктичко истражување во 2005 година покажале дека стапката на празнење на мраз во заливот на Амундсеновото море изнесувала околу 250 км3 годишно. Претпоставувајќи стабилна стапка на празнење, самото тоа е доволно за да глобалното ниво на морето се зголеми за 0,2 мм годишно.

Во оваа област е откриен вулкан под ледникот, на север од ледникот Пајн Ајленд во близина на планините Хадсон. Последен пат еруптирал пред околу 2.200 години, на што укажуваат широко распространетите парчиња пепел во мразот, со што тоа била најголемата позната ерупција на Антарктикот во изминатите 10 милениуми. Вулканската активност во областа може да придонесе кон забележано зголемување на ледничкиот проток, иако во моментов најпопуларната теорија помеѓу научниците што ја изучуваат оваа област е дека протокот е зголемен поради затоплувањето на океанската вода. Оваа вода се загреала поради кревањето на длабоката океанска вода, кое се должи на варијации во системите на притисок, кои би можеле да бидат погодени од глобалното затоплување.

Во Јануари 2010 година, студиите за моделирање, укажале дека "точката на промени" за ледникот Пајн Ајленд можеби била помината во 1996 година, со можно повлекување од 200 км до 2100 година, резултирајќи со соодветен пораст на морското ниво од 24 см (0,79 стапки), иако било укажано дека овие проценки за временскиот период биле конзервативни. Сепак, во студијата за моделирање, исто така, било наведено дека "Со оглед на комплексната, тридимензионална природа на вистинскиот ледник Пајн Ајленд ... треба да биде јасно дека [...] моделот е многу сурово претставување на реалноста".

Амундсеновото Море како дел од Јужниот Океан.

Заливот Пајн Ајленд[уреди | уреди извор]

Заливот Пајн Ајелнд (74°50′S 102°40′W / 74.833° ЈГШ; 102.667° ЗГД / -74.833; -102.667) е залив долг 40 милји (64 километри) и широк 30 милји (48 километри), во кој тече мразот од ледникот Пајн Ајленд, на југоисточната граница од Амундсеновото море. Истиот бил обележан според фотографиите од воздух, снимени од страна на УСН Операцијата Хајџамп во декември 1946 година и именуван од страна на Советодавниот Комитет за Имиња на Антарктикот  (US-ACAN) како УСС Пајн Ајелнд, бродот за поддршка на хидроавионите и предводник на источната работна група на УСН Операцијата Хајџамп, која ја истражувала оваа област.

Заливот Расел[уреди | уреди извор]

Заливот Расел (73°27′S 123°54′W / 73.450° ЈГШ; 123.900° ЗГД / -73.450; -123.900) е прилично отворен залив во југозападното Амундсеново море, кој се протега по должината на северните страни на Сајпл, Гецовиот Леден Гребен и островот Керни, од островот Пренки до Кејп Гејтс. Бил обележан од страна на Геолошкото истражување на САД (USGS) од прегледите и фотографиите од воздух на УС морнарицата, 1959-66, а именуван од страна на Советодавната комисија за антарктички имиња (US-ACAN) според адмиралот Џејмс С. Расел, УСН, Заменик-шеф на Поморските операции за време на пост 1957-58 IGY периодот.