Алборанско Море
Алборанското Море е најзападниот дел на Средоземното Море, сместен помеѓу Шпанија на север и Мароко и Алжир на југ. На западниот крај на Алборанското Море се наоѓа Гибралтарскиот Проток и го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан.
Просечната длабочина на морето изнесува 445 m, а максималната длабочина е 1500 m.
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Алборанското Море се следниве:[1]
На запад. Источната граница на Гибралтарскиот Проток [линија од ‘ртот Европа до полуостровот Алмина (35°54′N 5°18′W / 35.9°N 5.3°W)].
На исток. Линија од ‘ртот Гата (Шпанија) до ‘ртот Фегало (Африка) (35°36′N 1°12′W / 35.6°N 1.2°W).
Во морето се расположени неколку мали острови, вклучувајќи го островот Алборан. Највеќето се под управа на Шпанија, вклучувајќи ги оние близу мароканското крајбрежје.
[уреди] Наводи
- ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 7 февруари 2010. (англиски)