Гибралтарски Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гибралтарскиот теснец од вселената (лево е Пиринејскиот Полуостров) (НАСА)

Гибралтарскиот теснец (Арапски: مضيق جبل طارق, Шпански: Estrecho de Gibraltar) е теснецот кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.

Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел умајадското освојување на Шпанија. во 711. год.[1]

Во најтесниот дел, ширината на морето е 13км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м.[2] Помеѓу двата континенти има постојана траектна линија.

На северната страна на теснецот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу теснецот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко. [3]

Видете уште[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Gibraltar port website, retrieved 10 јуни 2007.
  2. See Robinson, Allan Richard and Paola Malanotte-Rizzoli, Ocean Processes in Climate Dynamics: Global and Mediterranean Examples. Springer, 1994, p. 307, ISBN ISBN 0-7923-2624-5.
  3. Tremlett, Giles, "Moroccans seize Parsley Island and leave a bitter taste in Spanish mouths" - The Guardian, 13 јули, 2002.