Јапонско Море
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Јапонско море (канџи: 日本海) е рабно море кое се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источното Кинеско Море е поврзано преку Корејскиот проток, а со Тихиот Океан преку - Сангарскиот проток.
Во Кореја Јапонско море се нарекува "Источно Море" поради проблемот што го имаат двете Кореи со терминот Јапонско Море.
Има површина од 1,062 млн. км². Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.
Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гаван, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин.
Во 18 век европејците морето го нарекувале Татарско, бидејќи сметале дека таму живеат Татари.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јапонско Море“ |