Филипинско Море

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Филипинското море е дел на Тихиот Океан кое се наоѓа помеѓу Филипините и Тајван на запад, Јапонија на север, Маријанските острови на исток, и островите Палау на југ. Дното на Филипинското море го сочинува Филипинското плато кое на западот поминува под Евроазиското плато и ги формира Филипинските острови.

Положба на Филипинското море

Помеѓу двете платоа се наоѓа филипинскиот гребен кој има максимална длабочина од 10.540 метри. На исток пацифичкото плато поминува под филипинското, и помеѓу нив се наоѓа маријанскиот гребен кој има максимална длабочина од 11.190 метри. Во Втората светска војна, од 19 до 20 јуни 1944. на него се одиграла поморската и воздушната битка помеѓу Јапонија и САД.