Маријански Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на Маријанските Острови.

Маријанските Острови (англиски: Mariana Islands) или порано познати како Острови на Крадците или Ландронски Острови (шпански: Islas de los Ladrones ) се островска група (архипелаг) во регионот Микронезија во Океанија, Тихиот Океан. Островите се наоѓаат јужно од Јапонија и источно од Нова Гвинеја, а источно од островите е Филипонското Море. Крајната јужна точка на островите е островот Гуам. Шпанците во 17 век ги именувале островите како „Маријански Острови“ во чест на шпанската кралица Маријана Австриска. Источно од островите се наоѓа Маријанската депресија, најдлабоката точка на планетата Земја. Политички Маријанските Острови се поделени меѓу Северните Маријански Острови и Гуам, и двете островски територии на САД.

Карактеристики[уреди]

Карта на вулканите на Маријанските Острови.

Маријанските Острови се дел од подводниот планински венец кој се протега на територија од 2.519 км, од Гуам па скоро до Јапонија. Географски, островите се најсеверната островска група во регионот Микронезија.

Вкупната површина на Маријанските Острови е 1.007 километри квадратни.[1] Тие се управувани од Гуам и Северните Маријански Острови и ове дбе политички единици се дел од САД. Островската група е составена од две помали островски групи. Северната група острови има 10 вулкани и моментално овие острови не се населени. Јужната група острови е составена од пет корални острови (Рота, Гуам, Агихан, Тиниан и Сајпан) и сите се населени освен Агихан. Највисоката точка во северната островска група е 820 метри надморска височина, земјотресите се зачестени и има кратери кои даваат знаци на вулканска активност. Јужните острови се со пониска надморска височина. Островите имаа густи шуми, климата е влажна и скоро на сите острови има големи залихи на свежа вода.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]


Поврзано[уреди]