Малачки Проток
Малачкиот Проток (малај. Selat Melaka, индон. Selat Malaka) е тесна водна површина долга 805 км што се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г.
Содржина |
Граници [уреди]
Според Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве:[1]
На запад. Линија од Педропунт (најсеверната точка на Суматра, ) и Лем Воалан (јужниот крај на островот Пукет во Сијам [Тајланд], ).
На исток. Линија од ‘ртот Танџинг Пиај (Булус) (јужниот крај на Малајскиот Полуостров, ) и Браќата ( ), а оттаму до Клајн Каримун ( ).
На север. Југозападниот брег на Малајскиот Полуостров.
На југ. Североисточниот брег на Суматра на исток сè до Танџонг Кедабу ( ), а оттаму до Клајн Каримун.
Стопанска важност [уреди]
Од стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот.
Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 50.000 (94.000?)[2] бродови,[3] и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.[4]
Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезени Шаблон:Convert/Moilbbl/d.[5]
Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток.
Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 наутички милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.[6]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 7 февруари 2010. (англиски)
- ↑ Aljazeera.net (англиски)
- ↑ Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
- ↑ Freeman, Donald B. (2003). „The Straits of Malacca: Gateway or Gauntlet?“. McGill-Queen's University Press. ISBN 0-7735-2515-7.. A book review citing this information can be found at University of Toronto Quarterly, Volume 74, Number 1, Winter 2004/5, стр. 528-530
- ↑ Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
- ↑ Тесни грла во светскиот превоз на нафта (англиски)