Малајски Полуостров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Малајскиот Полуостров (со темнозелено) во рамките на југоисточна Азија

Малајскиот Полуостров (малајски: Semenanjung Tanah Melayu = „Малајска Почва“, тајландски: คาบสมุทรมลายู) е полуостров во југоисточна Азија. Се протега приближно во правец север-југ и завршува во најјужниот дел на континентална Азија. На полуостровот се наоѓаат државите Бурма, Малезија, Сингапур и Тајланд.

Титивангсанските Планини се дел од системот наречен Тенасеримски Ридови. Тие го образуваат најјужниот дел на централниот планински масив кој се протега од Тибет, преку теснецот Кра (најтесниот дел на полуостровот), па навлегува во Малајскиот Полуостров.[1] Малачкиот Проток го дели Малајскиот Полуостров од индонезискиот остров Суматра, додека пак јужното крајбрежје е одделено од островот Сингапур со Џохорскиот Проток.

Наводи[уреди]

  1. The Physical Geography of Southeast Asia, Avijit Gupta

Поврзано[уреди]