Кампечки Залив

Координати: 20°00′N 94°00′W / 20.000° СГШ; 94.000° ЗГД / 20.000; -94.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеј на Кампечкиот Залив во градот Кампече.
Кампечки Зал. во рамките на Мексико
Кампечки Зал.
Кампечкиот Залив во рамките на Мексико

Кампечки Залив (шпански: Bahia de Campeche) — залив во јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Обиколен е мексиканските сојузните држави Кампече, Табаско и Веракрус. Зафаќа површина од 16.000 км2 и достигнува најголема длабочина од 180 м. Името му го дале конквистадорите Франциско Ернандес де Кордоба и Антон де Аламинос за време на нивната експедиција во 1517 г.

Нафтено лежиште[уреди | уреди извор]

Под заливот лежат петте нафтени полиња на Кантарел. Во 2003 г. бил второ најпродуктивно наоѓалиште во светот, и сочинувал две третини од мексиканското производство на сирова нафта, но потоа продуктивноста почнала нагло да опаѓа.

На 3 јуни 1979 г. истражното нафтено окно „Ишток I“ доживеало катастрофален избув, што го предизвикало третото најобемно пролевање на нафта во историјата.

Клима[уреди | уреди извор]

Во текот на јуни и јули, Кампечкиот Залив се смета за жариште во создавањето на атлантски урагани.[1] Заливот се смета за источна граница на главниот преселбен пат на птиците од американските континенти.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ^ Hauptmann, David. „Where do hurricanes form and where do they strike?“. Архивирано од изворникот на 2005-11-20. Посетено на 2006-03-27.
  2. ^ „Routes of Migration“. Migration of Birds. Northern Prairie Wildlife Research Center. Архивирано од изворникот на 17 April 2006. Посетено на 2006-03-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

20°00′N 94°00′W / 20.000° СГШ; 94.000° ЗГД / 20.000; -94.000