Република Кореја
| Република Кореја
대한민국
Daehan-minguk |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: 널리 인간을 이롭게 하라 (홍익인간) "Придобива цело човештво" |
||||||
| Химна: Aegukga (애국가) Патриотска песна |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Сеул 37°35′N 127°0′E / 37.583°N 127°E |
|||||
| Службен јазик | корејски | |||||
| Демоним | кореец | |||||
| Уредување | полупретседателски систем | |||||
| - | Претседател | Ли Мјунг Бак | ||||
| - | Премиер | Хан Сеунг Со | ||||
| Законодавство | Национално собрание на Република Кореја | |||||
| Основање | ||||||
| - | Објавена декларација | 1 март, 1919 | ||||
| - | Провизорна влада | 13 април, 1919 | ||||
| - | Поделба на Кореја | 15 август, 1945 | ||||
| - | Устав | 17 јули, 1948 | ||||
| - | Влада | 15 август, 1948 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 100.032 km2 (108-ма) 38.622 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 0.3 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за | 48,379,392 (26-та) | ||||
| - | Густина | 493/km2 (12-та) 1.274/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $1.342 трилиони[1] (13-та) | ||||
| - | По жител | $27,646[1] (32-ра) | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $947 милијарди[1] (15-та) | ||||
| - | По жител | $19,504[1] (36-та) | ||||
| Џини (2007) | 31.3 (low)[2] | |||||
| ИЧР (2008) | ▲ 0.928 (висок) (25-та) | |||||
| Валута | Јужнокорејски вон (₩) (KRW) |
|||||
| Часовен појас | Корејско стандардно време (UTC+9) | |||||
| - | (ЛСВ) | н/п (UTC+9) | ||||
| Датумски формати | yyyy년 mm월 dd일 yyyy/mm/dd |
|||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .kr | |||||
| Повик. бр. | 82 | |||||
Република Кореја или позната како Јужна Кореја е суверена држава која се наоѓа во јужниот дел на Корејскиот полуостров. Таа исто така се нарекува Република Кореја (РК, корејски: 대한민국 (дехан мингук) и во резолуцијата на ОН од 1948 год. е опишана како единствена законски влада во Кореа. Англиското име на Кореја доаѓа од старата династија Горјо (Goryeo) во периодот кога многу западни нации го забележале постоење на династијата на Корејскиот Полуостров. Корејското име Дехан Мингук (Daehan Minguk) може да се преведе како Република на великиот Хан. Хан е името на народите на корејскиот полуостров и во некои делови на Манџурија. Ова име на народите потекнува од името на единствениот античкиот Бог на корејските народи, наречен Хананим (Hananim).
Нејзините соседи се Кина на запад, Јапонија на исток, Северна Кореја на север, и на Источното Кинеско Море на југ. Јужна Кореја се наоѓа во умерена северна зона и има претежно планински рељеф. Нејзината територија зафаќа вкупна површина од 99.392 квадратни километри и има население од речиси 50 милиони. Главен и најголем град е Сеул, со население од 10.421.782 луѓе.
Археолошки наоди покажуваат дека Корејскиот полуостров бил населен до Стариот (долниот) Палеолит. Корејската историја започнува со основањето на Гоџосон (Gojoseon) во 2333 год. п.н.е. од страна на легендарниот Дан-гун. По обединувањето на Трите кралства на Кореја под водство на Шила во 668 год. од н.е., Кореја го помина периодот на Династијата Горјо и Династијата Џосон како една нација до крајот на Корејската империја во 1910 год., кога Кореја беше присвоена од Јапонија. По ослободувањето и окупацијата од советските и американските сили на крајот од Втората светска војна, нацијата беше поделена на Северна и Јужна Кореја. Јужна Кореја беше основана во 1948 год. како демократија, иако политички превирања и периодите на воена власт и воена состојба, означија голем дел од периодот до основањето на Шестата Република во 1987 год.
По инвазијата на Јужна Кореја од страна на силите од Северот на 25. јуни 1950 год., војната која резултурашемеѓу двете Кореи заврши со Догвор за примирје, но границата меѓу двете земји е најдобро обезбедена граница во светот. По војната, Јужна Кореја забележа зачителен раст и земјата прерасна во голема економија, целосна демократија и регионална сила во Источна Азија.
Јужна Кореја е претседателска република која се состои од шеснаесет административни единици и е развиена земја со многу висок стандард на живеење. Таа е четвртата по големина економија во Азија и 15та (номинална) или 12та (според паритет на куповна моќ) најголема економија во светот. Економијата е ориентирана на извоз, со производство што се фокусира на електроника, автомобили, бродови, машини, петрохимикали и роботика. Јужна Кореја е членка на Обединетите нации, СТО (Светската трговска организација), ОЕСР (Организација за економска сработка и развој) и Г-20 големи економии. Исто така таа е еден од основачите на АПЕС (Азиско-пацифичка економска соработка) и Источно-азискиот самит.
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Влада
[уреди] Административна поделба
[уреди] Надворешна политика
[уреди] Војска
[уреди] Географија, клима и животна средина
[уреди] Економија
[уреди] Наука и технологија
[уреди] Образование
[уреди] Демографија
[уреди] Јавно здравство и безбедност
[уреди] Култура
[уреди] Спорт
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „South Korea“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=542&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=&pr.x=34&pr.y=7. проверено на 2009-04-22.
- ↑ https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ks.html
[уреди] Надворешни врски
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||

