Келтско Море

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Карта на Келтското Море

Келтското Море (англ. Celtic Sea, ирск. An Mhuir Cheilteach, велш. Y Môr Celtaidd, корн. An Mor Keltek, брет. Ar Mor Keltiek, фр. La Mer Celtique) е дел на Атлантскиот Океан кај јужното крајбрежје на Ирска. На исток се граничи со Свети Ѓорѓиевиот Проток, Бристолскиот Канал, протокот Ламанш и Бискајскиот Залив, како и соседните делови од Велс, Конрвол, Девон и Бретања. Јужната и западната граница ја образува континенталната плоча која нагло се спушта надолу.

Содржина

[уреди] Граници

Келтското Море нема релјефни форми кои би го делеле од Атлантскиот Океан на југ и запад. За оваа цел, Холт предложил морска контура од 200 фата (366 м) и островот Уесан (Ушант) кај врвот на Бретања.

Границите усвоени во 1974 од Кралската морнарица гласат: „се граничи приближно со линиите што ги поврзуваат Уесан, Лендс Енд, ‘ртот Хартланд, островот Ланди, ‘ртот Сент Гованс и Рослер, па оттаму го следат ирското крајбрежје јужно до ‘ртот Мизен, а потоа долж 200-метарскиот изобат до приближно географската ширина на Уесан.“[1]

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Келтското Море се следниве:[2]

На север. Јужната граница на Ирското Море [линија што ги поврзува ‘ртовите Св. Давид и Карнсор], јужното крајбрежеј на Ирска, потоа линија повлечена од ‘ртот Мизен до местоположбата 51°0′N 11°30′W / 51°N 11.5°W / 51; -11.5.

На запад и југ. Линија од местоположбата 51°0′N 11°30′W / 51°N 11.5°W / 51; -11.5 јужно до 49° СГШ, потоа до 46°30' СГШ на западната граница на Бискајскиот Залив [линија што ги поврзува ‘ртовите Ортегал и Панмарш] и така долж линијата сè до самиот ‘рт Панмарш.

На исток. Западната граница на Ламанш [линија што го поврзува островот Вјерж со ‘ртот Лендс Енд] и западната граница на Бристолскиот Канал [линија што ги поврзува ‘ртовите Хартланд и Сент Гованс].

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. Parliamentary Debates, Дом на општините, 16 декември 1974, column 317W (англиски)
  2. „Граници на океани и мориња, III издание + исправки“. Меѓународна хидрографска организација. 1971. стр. 42 [исправки на стр. 13]. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 6 февруари 2010.  (англиски)

[уреди] Надворешни врски


50°30′08″N 7°54′52″W / 50.50222°N 7.91444°W / 50.50222; -7.91444

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици