Ачех

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ачех
Aceh
—  Покраина  —
Џамијата Раја Бајтурахман во Банда Ачех

Грб
Гесло: „Панќаќита“ (санскрит)
„Пет цели“
Местоположба на Ачех (зелено) во Индонезија
Координати: 5°33′ СГШ 95°19′ ИГД / 
Земја Индонезија
Админ. цент. Банда Ачех
Управа
 • Управник Зајни Абдула
Површина
 • Вкупна 58.376 км2
Население (2010)[1]
 • Вкупно 5.046.000 жит.
Демографија[2][3]
 • Народности 51% Ачеси
16% Јаванци
7% Гајо лут
5% Гајо лувес
4% Аласи
3% Сингкилци
2% Симеулуе
2% Батаци
1% Минангкабау
 • Вероисповед 98,19% муслимани
1,12% протестанти
0,07% католици
0,16% будисти
0,08% хиндуисти
 • Јазици индонезиски (службен)
ачешки
Час. појас WIB (UTC+7)
Портал acehprov.go.id

Ачех индонезиски: Aceh, официјално Nanggröe Aceh Darussalam е специјална територија (daerah istimewa) на Индонезија. Сместена е на северниот дел од островот Суматра. Според пописот од 2000 во Ачех живеат 3.930.000 жители[2], од кои најголем сел се домородните Ачеси (50,32%), па следуваат Јаванци (15,87%), Гајо (11,46%), Аласи (3,89%), Сингкили (2,55%), Симеулу (2,47%), Батаци (2,26%), Минангкабау (1,09%) и други (9,5%).[4] Главен град е Банда Ачех.

Административна поделба[уреди]

Во рамките на Индонезија, Ачех не се води како покраина, туку како специјална територија (daerah istimewa). Административните работи во Ачех се независни од централната власт во Џакарта.

Административно, провинцијата е поделена на 18 намесништва (kabupaten) и 5 градови (kota).

Цунами во 2004[уреди]

Ачех после ударите на цунамито во 2001

Западниот брег на Ачех, вклучувајќи ги градовите Банда Ачех, Каланг, и Меулабох, на 26 декември 2004 беа погодени од силен земјотрес што резултирал со страшни удари на цунами. Само во Ачех загинале околу 230.000 луѓе, а околу 500.000 останале без своите домови. Вкупнит број на неселението пред ударот на цунамито изнесувал 4.271.000 (2004), додека на 15 септември 2005 изнесувал 4.031.589.

Наводи[уреди]

  1. Попис 2010 — Централно биро за статистика (индонезиски) конс. 17 јануари 2011
  2. 2,0 2,1 „INDONESIA: Population and Administrative Divisions“. The Permanent Committee on Geographical Names. 2003. http://www.pcgn.org.uk/Indonesia-%20Population&AdminDivs-%202003.pdf. 
  3. „Indonesia's Population: Ethnicity and Religion in a Changing Political Landscape“. Institute of Southeast Asian Studies. 2003. 
  4. „Indonesia's Population: Ethnicity and Religion in a Changing Political Landscape“. Institute of Southeast Asian Studies. 2003. 

Надворешни врски[уреди]