Бохајско Море
Од Википедија, слободната енциклопедија
38°43′N 119°54′E / 38.72°N 119.90°E
Бохајското Море (кин. 渤海, пинјин: Bó Hǎi), наречено и Бохајски Залив е највнатрешната заливска област на Жолтото Море, околу крајбрежјето на североисточна Кина. Зафаќа површина од околу 78.000 km² и претставува една од најпрометните водни површини во светот поради релативната близина до Пекинг.
Содржина |
[уреди] Историја
Сè до почетокот на XX век, заливот се нарекувал Чили (直隸, Zhílì) или Печили 北直隸, Běizhílì). Ова се имиња на некогашните покраини во областа.
[уреди] Географија
Бохајското Море се граничи со полуостровите Лиаодунг и Шандунг. Во последно време ова е еден од најпрометните морски патишта во светот. Бохајското Море има три помали залива: Лајџоу (јужно), Лиаодунг (северно) и истоимениот Бохајски Залив (западно).
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бохајско Море“ |