Географија на Тувалу
Географијата на Тувалу ги опфаќа релефните облици во земјата, природните ресурси, животинскиот и растителен свет, водните површини и останати географски карактеристики.
Општи карактеристики [уреди]
Тувалу е држава во Тихиот Океан која е составена од три острови и шест атоли. Овие острови во минатото се нарекувале Елиски Острови. Тувалу е една од најмалите држави во светот со вкупна површина од 26 km².
Од ноември до март во државата има силни врнежи и тропски температури. Земјата на островите е ниска и скоро секој остров е опколен од корален гребен. Највосока точка во земјата е 4.6 метри надморска височина на островот Ниулакита.
- Местоположба
Тувалу се наоѓа во Океанија во Јужниот Тихи Океан. Во близина на Тувалу се Кирибатите. Географските координати на Тувалу се .
- Површина
Тувалу има вкупна површина од 26 km². Државата нема копнени граници, а вкупниот брег изнесува 24 километри. Земјата е многу ниска.
- Морски територии
- зона: 44 km
- економска зона: 370 km
- територијани води: 22 km
- Клима
Климата во Тувалу е тропска со источни ветрови од март до ноември, а силни врнежни има од ноември до март.
- Природни ресурси
Државата има големи залихи на риба.
- Употреба на почвата
обработлива земја: 0%
постојани насеви: 0%
постијани пасишта: 0%
шуми: 0%
друго: 100% (1993 est.)
- Еколошки проблеми
На Тувалу му прети опасност од целосно потопување на државата. Сите острови се ниски и се многу блиско до изедначување со нивото на Тихиот Океан.
Демографија [уреди]
Населението на Тувалу се зголемило двојно после периодот од 1980. Народот во Тувалу е воглавно од полинезиско потекло, додека околу 4% се микронезици. 97% од Тувалуанците се припадници на Црквата на Тувалу, главна протестантска црква во земјата. Тувалуанскиот јазик се зборува од скоро сите на островите и е официјален јазик. Покрај него и англискиот е официјален јазик но не е користен за секојдневна употреба. Парламентот и администрацијата се на тувалуански.
Поврзано [уреди]
|
|||||||||||